УМЕТНОСТ ИЛИ РАЗОНОДА? КОМЕДИИТЕ НА ЈАСМИНА РЕЗА ОТАДЕ ЕТИКЕТИТЕ

##plugins.themes.bootstrap3.article.main##

Деспина Ангеловска

Апстракт

Јасмина Реза (1959) е една од најзначајните и најизведувани современи драмски автор(к)и. Нејзините пиеси, преведени на повеќе од триесет и пет јазици, се поставуваат во најреномираните театри низ целиот свет. Предмет на анализа на овој труд е „Арт“ (1994), најиграната француска пиеса во светот по комедиите на Молиер. Парадоксално, токму огромната популарност и невидениот успех на пиесата се причината поради која, во текот на долги години, француската театарска критика неа ја сведува на „театар на разонода“ или „булеварски театар“. Денес, меѓутоа, „Арт“ и драмите на Реза се предмет на бројни театролошки анализи и препрочитувања, коишто ги рехабилитираат нивните повеќеслојни квалитети и формална иновативност, во континуитет со театарот на авангардата. Во трудот ќе се задржиме на деконструкцијата на традиционалните драмски категории, како и на поткопувањето на поделбата помеѓу „разонодата“ и „уметноста“, во срцето на оваа „комедија“, којашто импресионира со својата сложена и рафинирана драмска конструкција, како и со универзалноста и сериозноста на темите што ги обработува, зад превезот на лежерноста.

Downloads

Download data is not yet available.

##plugins.themes.bootstrap3.article.details##

Рубрика
Literature

Референци

Bouchetard, A. (2011). Yasmina Reza, le miroir et le masque. Paris: Éditions Léo Scheer.
Danto, A. (1996). Après la fin de l’art. Paris: Seuil.
Giguere, A. (2010). The Plays of Yasmina Reza on the English and American Stage. Jefferson, North Carolina: McFarland & Company, Inc., Publishers.
Guénon, D. (2005). Avez-vous lu Reza? Une invitation philosophique. Paris: Albin Michel.
Jaccomard, H. (2013). Les fruits de la passion. Le théâtre de Yasmina Reza. Berne: Peter Lang.
Pavis, P. (2004). L'analyse des textes dramatiques, de Sarraute à Pommerat. Paris: Armand Colin.
Proguidis L. (2001). Entretien avec Yasmina Reza. L'Atelier du Roman, 31:139–156.
Reza, Y. (1998). Théâtre. Paris: Albin Michel.
Reza, Y. (2001). Le hasard, le rire. Entretien avec Lakis Proguidis. L’Atélier du roman, mars 2001.
Schneider, R. (1998). Yasmina Reza in a major key. American Theatre. New York Vol. 15, N° 9, (Nov 1998): 12–15.
Tournier, P. (2000). Yasmina Reza. VSD, 9-15/11/2000.
Ubersfeld, A. (2004). La parole solitaire. Jeu, (110): 56–66.

Bouquet, V. (2023) James Brown mettait des bigoudis : les sourires en coin de Yasmina Reza. Sceneweb, 21 септември 2023. Достапно на: https://sceneweb.fr/james-brown-mettait-des-bigoudis-de-yasmina-reza/ [Пристапено на: 10 март 2023]
Morley, S. (1996). But is it art? The Spectator, 26 октомври 1996. Достапно на: https://archive.spectator.co.uk/article/26th-october-1996/64/theatre [Пристапено на: 10 март 2023]
Salino, B. (2008). Yasmina Reza, l'artifice sans le feu. Le Monde, 4 февруари 2008. Достапно на: https://www.lemonde.fr/culture/article/2008/02/04/theatre-yasmina-reza-l-artifice-sans-le-feu_1007135_3246.html [Пристапено на: 10 март 2023]