НАРАТИВНОТО „ЈАС“ НА ПРУСТ
##plugins.themes.bootstrap3.article.main##
Апстракт
Овој текст се осврнува на проблемот на себството во литературата преку разгледување на позицијата на наративното „јас“ во романот Во потрага по загубеното време од Марсел Пруст. Овој роман ги обединува фикционалниот и автобиографскиот дискурс и директно го допира проблемот на фикционалната презентација на себството. Во таа насока, овој текст ја разгледува естетиката на симултаноста и надоместувањето, која кај Пруст претставува почетна и крајна точка на уметничкото дело. Преку симултаноста во нарацијата, Пруст гради еден специфичен однос спрема темпоралноста, со кој се укинува времето во постојана презентност, но исто така доаѓа и до колизија на позициите на наративното „јас“ и, со тоа, до детериторијализирање на идентитетот. Врз оваа наративна стратегија на Пруст се остварува систематското укинување на границите помеѓу фикционалниот и автобиографскиот дискурс. На тој начин, автобиографијата кај Пруст добива статус на толкување со кое се врши интерпретативно надоместување на животот (документарното) во романот (фикцијата). Една од клучните цели на овој текст е да се потенцира трансформацијата на таа интерпретативна тенденција во поглед на времето и себството во естетски чин. Овие сложени и повеќеслојни односи во романот Во потрага по загубеното времe откриваат дека „патувањето“ на Пруст во „длабочините на себството“ всушност претставува евокација на одредена загуба на себството и на темпоралноста која не е дадена или одново пронајдена туку во која времето постојано се губи или се заборава.
Downloads
Download data is not yet available.
##plugins.themes.bootstrap3.article.details##
Како да цитирате
Пероски, Ацо. 2023. “НАРАТИВНОТО „ЈАС“ НА ПРУСТ”. Journal of Contemporary Philology 6 (2), 73‒83. https://doi.org/10.37834/JCP2362073p.
Рубрика
Literature
Copyright © 2014 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Современа филологија
Референци
De Man, Paul. 1979. Autobiography as De-facement. MLN 94.5 : 919-930.
Girard, René. 1976. Deceit, Desire and the Novel: Self and Other in Literary Structure. Baltimore: The Johns Hopkins University Press.
Kristeva, Julia. 1996. Time and Sence: Proust and Experience of Time. New York: Columbia University Press.
Luhmann, Niklas. 2000. Art as a Social System. Stanford: Stanford University Press.
Lyotard, Jean-François. 2010. Augustinova ispovijest. Zagreb: Ljevak.
Proust, Marcel. 2003. In Search of Lost Time. New York: Modern Library/Random House.
Smith, Sidonie. 1998. Performativity, Autobiographical Practice, Resistance. In: S. Smith and J. Watson (Eds.). Women, Autobiography, Theory: A Reader, 108-115. Madison: The University of Wisconsin Press.