Иницијациското сиже во расказите <i>Преобразба</i> од Франц Кафка и <i>Вљубениот Самса</i> од Харуки Мураками

##plugins.themes.bootstrap3.article.main##

Радица Стојановска

Апстракт

Во трудот се толкуваат расказите Преобразба и Вљубениот Самса преку детектирање на нивните сличности со структурата на иницијацискиот обред. За таа цел се користат сознанијата на антропологијата и на фолклористиката. Трудот може да се подели на два дела. Првиот дел се однесува на расказот Преобразба и во него иницијациското сиже се исчитува како превртено иницијациско сиже, што го води неофитот Грегор Самса назад, сè додека тој не биде целосно исклучен од заедницата. Во вториот дел расказот на Кафка се коментира во дослух со трансформацијата што Харуки Мураками ја прави во расказот Вљубениот Самса. Двата расказа се толкуваат како еден целосен иницијациски комплекс. Идејата е дека Грегор Самса, покрај како неофит што доживува превртена иницијација, може да се толкува и како лик чија иницијација почнува во Преобразба и се комплетира во расказот Вљубениот Самса. Во таа смисла, се коментира спротивставеноста, но и комплементарноста на двете книжевни дела, напишани од различни автори, кои потекнуваат од различни епохи.

Downloads

Download data is not yet available.

##plugins.themes.bootstrap3.article.details##

Рубрика
Literature

Референци

Женет, Ж. (2003) „Палимпсести“ во Теорија на интертекстуалноста, прир. Катица Ќулавкова. Скопје: Култура, 63-75. [Ženet, Ž. (2003) “Palimpsesti” vo Teorija na intertekstualnosta, prir. Katica Ḱulavkova. Skopje: Kultura, 63-75.]
Кафка, Ф. (2013) Преобразба: раскази. Скопје: Конгресен сервисен центар Макавеј. [Kafka, F. (2013) Preobrazba: raskazi. Skopje: Kongresen servisen centar Makavej.]
Мелетински, Е. М. (2002) Поетика на митот. Скопје: Табернакул. [Meletinski E. M. (2002) Poetika na mitot. Skopje: Tabernakul.]
Проп, В. (2011) Историски корени на волшебната приказна. Скопје: Македонска реч. [Prop, V. (2011) Istoriski koreni na volšebnata prikazna. Skopje: Makedonska reč.]
Редклиф Браун, А.Р. (2001) Структура и функција во примитивното општество. Скопје: Сигмапрес. [Redklif Braun, A.R. (2001) Struktura i funkcija vo primitivnoto opštestvo. Skopje: Sigmapres.]
Стојановиќ Лафазановска, Л. (2001) Homo initiatus: феноменот на иницијација во македонската народна книжевност. Скопје: Матица македонска. [Stojanoviḱ Lafazanovska, L. (2001) Homo initiatus: fenomenot na inicijacijata vo makedonskata narodna kniževnost. Skopje: Matica makedonska.]
Benjamin, W. (1974) Eseji. Beograd: Nolit.
Murakami, H. (2018) Men Without Women. London: Vintage.
Turner, V. (1977) The Ritual Process: Structure and Anti-Structure. New York: Cornell University Press.
Van Gennep, A. (1960) The Rites of Passage. Chicago: The University of Chicago Press.