Љубовната тематика во романите Луѓе и нелуѓе на Елио Виторини и Приватното прашање на Бепе Фенољо
##plugins.themes.bootstrap3.article.main##
Апстракт
Целта на текстот е да направи споредба меѓу два воени романа, Луѓе и нелуѓе на Виторини и Приватното прашање на Фенољо во врска со љубовниот мотив, присутен во двата романа, како и неговата улога во наведените дела. Нивното споредбено читање доведе до издвојување на неколку заеднички точки: во двете дела постојат недвосмислени автобиографски елементи, како и заедничкиот модел препознатлив во романот За кого бијат камбаните на Хемингвеј. Забележливо е „отсуството“ на протагонистите на романите, присутни бегло или само во сеќавањата. И покрај тоа, утврдивме дека женските ликови – носителки на љубовниот мотив, се многу важен елемент во двете дела: тие се симболи на надежта, па и на самото постоење. Резултатите од нашата споредбена анализа покажаа дека заедничката црта на двата романа е неможноста на протагонистите да си го најдат патот кон иднината. Поразот на љубовен план им ја одзема потребната надеж и двајцата главни јунаци извршуваат, секој на свој начин, „самоубиство со помош на непријателот“. Од овие причини заклучивме дека љубовниот мотив не е спореден, ниту „украсен“ елемент во овие воени романи, туку е вткаен во самата структура на делата, како главен двигател (вистински или како изговор) на дејствата на протагонистите, како и причина за нивната смрт.
Downloads
##plugins.themes.bootstrap3.article.details##
Copyright © 2014 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Современа филологија
Референци
Bonsaver, G. (2008). Elio Vittorini, letteratura in tensione. Firenze: Franco Cesati editore.
Calvino, I. (1991). Prefazione 1964 al Sentiero dei nidi di ragno, in Romanzi e racconti, Milano: Mondadori: 1185–1204.
De Nicola, F. (1976). Fenoglio Partigiano e Scrittore. Roma: Argileto editori.
De Nicola, F. (1989). Introduzione a Fenoglio. Roma-Bari: Laterza.
De Nicola, F. (2014). Uomini e no: modello (mancato?) di romanzo resistenziale. Studi goriziani, Vol 107: 50–59.
Fenoglio, B. (1992). Una questione privata in Romanzi e racconti. Paris: Einaudi-Gallimard: 1009–1127.
Lajolo, D. (1970). Pavese e Fenoglio. Firenze: Vallecchi.
Mauro, W. (1972). Invito alla lettura di Beppe Fenoglio. Milano: Mursia.
Noventa, G. (1960). Il grande amore in ‘Uomini e no’ di Elio Vittorini e in altri uomini e libri. Milano: All’insegna del pesce d’oro.
Pedullà, G. (2001). La strada più lunga. Sulle tracce di Beppe Fenoglio. Roma: Donzelli editore.
Saccone, E. (1988). Fenoglio. I testi, l’opera. Milano: Einaudi.
Vittorini, E. (2010). Uomini e no. Milano: Oscar Mondadori.
Vittorini, E. (2008). Letteratura arte società. Articoli e interventi 1938–1965. Torino: Einaudi.
Виторини, Е. (1956). Луѓе и нелуѓе. Скопје: Кочо Рацин. [Vitorini, E. (1956). Luǵe u neluǵe. Skopje: Kočo Racin.]