Преболувањето на траумата во „Книгата на илузиите“ од Пол Остер
##plugins.themes.bootstrap3.article.main##
Апстракт
„Книгата на илузиите“, едно од најпознатите дела на Пол Остер, е метафизички роман во кој повеќето од ликовите доживуваат некаков вид траума. Овој труд ги обработува прашањата како главните ликови на романот се соочуваат, излегуваат накрај и дали ја преболуваат траумата во своите животи. Дејвид Зимер и Хектор Ман се ликовите низ кои ќе ја вршиме психоанализата. Потоа, преку нив ќе ги објасниме психолошките алатки и методи што ќе ни помогнат да ги разбереме концептите на живот и на смрт, не само во литературата туку и во вистинскиот свет. Психолошките концепти на Зигмунд Фројд ќе бидат објаснети и применети на ликовите и во специфични ситуации за да сфатиме како луѓето излегуваат накрај со траумата. Исто така, во ова истражување ќе се зборува за концептите на меланхолија и тагување, архивот, ид, его и суперего, ерос и танатос, кои ќе бидат објаснети со специфични примери од романот и од други дела. Меѓутоа, треба да се истакне дека траумата, како што е дефинирана од психолозите, не е нешто што може да се заборави и да се избрише, туку нешто што останува во психата и помага за да се изгради „карактерот“ на една личност, што се потврдува и со самиот роман.
Downloads
##plugins.themes.bootstrap3.article.details##
Copyright © 2014 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Современа филологија
Референци
Boulter, J. (2011). Melancholy and the archive: Trauma, history and memory in the contemporary novel. London: Continuum International Publishing Group.
Clift, Sr. (2014). Committing the future to memory: History, experience, trauma. New York: Fordham University Press.
Freud, S. (2003). Beyond the pleasure principle and other writings. London: Penguin Books Ltd.
Shostak, D. (2009). In the country of missing persons: Paul Auster’s narratives of trauma. Studies in the Novel, 41 (1): 66–87.