За еманципацијата во современата бајка Дрвото на лагите од Френсис Хардинг
##plugins.themes.bootstrap3.article.main##
Апстракт
Трудот се занимава со следење на трансформацијата на женските ликови во романот Дрвото на лагите од современата британска писателка Френсис Хардинг, од класичната готика кон современата еманципација, како и со анализа на нивните обиди низ различни стратегии на отпор да ја реализираат својата слобода, желбата за истражување и за самодефинирање.Анализата на романот има теоретска поткрепа во концептите на Ричард Рорти и на Емануел Левинас, посебно оние за одговорноста за Другиот, за женската солидарност и за конверзацискиот консензус меѓу женските ликови и нивната субзаедница. Низ двата клучни лика ќе бидат спротивставени позицијата на авторитет, кој инсистира на метафизички вистини, апсолутна дисциплина, статичност и непроменливост, наспроти, од друга страна, позицијата на отпор, бегство од таквиот авторитет, борба за прогрес и промени во еманципаторска смисла. Романот низ спротивставените концепти на авторитарност наспроти еманципација и прогрес, воспоставува мост и континуитет на борбата од 19 век и актуелноста на таа борба денеска, што му дава посебна автентичност и убедителност.
Downloads
##plugins.themes.bootstrap3.article.details##
Copyright © 2014 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Современа филологија
Референци
Фрчкоски, Љ. (2019). Човекови права и психоанализа. Скопје: Култура.
Фуко, М. (2004). Надзор и казна. Скопје: Слово.
Bartky, S. L. (1990). Femininity and Domination: Studies in the Phenomenology of Oppression. New York: Routledge.
Barzilai, S. (2006). A Case of Negative Mise en Abyme: Margaret Atwood and the Grimm Brothers. Partial Answers: Journal of Literature and the History of Ideas, 4(2): 191-204.
Butler, J (1997). Excitable Speech A Politics of the Performative. New York: Routledge.
Butler, J. (2004). Precarious Life: The Powers of Mourning and Violence. London and New York: Verso.
Gilbert, S. M and Gubar, S. (1979). The Madwoman in the Attic: the Woman Writer and the Nineteenth-Century Literary Imagination. New Haven: Yale University Press.
Harding, F. (2016). Drvo laži. Beograd: Laguna.
Hardinge, F. (2016). L’albero delle bugie. Milano: Mandadori.
Levinas, E. (1969). Time and the Other. Pittsburg: Duquesne University press.
Snowden, K. (2010). Fairy Tale Film in the Classroom: Feminist Cultural Pedagogy, Angela Carter, and Neil Jordan’s The Company of Wolves. In P. Greenhill and S. E. Matrix (еds.). Fairy tales films, Visions of Ambiguity, 157-177. Boulder: University press of Colorado.
Spooner, C. (2006). Contemporary Gothic. London: Reaktion.
Thomas, A. (2009). Subjectivity in American Popular Metal: Contemporary Gothic, the Body, the Grotesque, and the Child. PhD Dissertation. Faculty of Arts: University of Glasgow.