Неколку прашања за поетиката на есеите на Горан Стефановски

##plugins.themes.bootstrap3.article.main##

Иван Антоновски

Апстракт

Овој истражувачки труд е посветен на есеистичкото творештво на Горан Стефановски, кое досега не е одделно и поопстојно истражувано и коментирано од македонската книжевна наука. Сметајќи го есејот за одделен жанр, во анализата на поетиката на есеите на Стефановски констатираме дека неговиот есеистички текст со своите особености надминува дел од досегашните теориски одредби за есејот. Остварувајќи се како текст што припаѓа на метажанр/наджанр, есејот на Стефановски не може стриктно да се категоризира само преку постојните типoлогии на есејот, при што, меѓу другото, го препознаваме како одделен вид есеј – ренесансно-постмодернистички. Анализирајќи ја неговата поетика, се доаѓа до согледба дека есеистичкото творештво на Стефановски се развива од мини- или нацрт-есеј до хипересеј, при што во него, мизанабимски, како есеми се присутни повеќе видови есеј според постојните типологии. Трудот упатува и на неопходноста од натамошни читања и анализирања, во коi ќе се прикажат и ќе се вреднуваат и други естетски, поетички димензии на есејот на Стефаноски, на кои ова доминантно теориско исчитување сигнално упатува.

Downloads

Download data is not yet available.

##plugins.themes.bootstrap3.article.details##

Рубрика
Literature

Референци

Адорно, Т. (1983). Есејот како форма. Трета Програма, 14–15: 207–225.
Божиħ, Ј. (2005). Есеј – фикција унутар истине. Гласник, 1: 227–249.
Епштејн, M. (1997). Есеј. Београд: Народна књига, Алфа.
Ефтимоска, Т. (2011). Есејот (македонско искуство). Скопје: Македонска реч.
Лотман, М. Ј. (2003). Текст во текст. Во К. Ќулавкова (прир.). Теорија на интертекстуалноста, 41-61. Скопје: Култура
Кошка, Хот, Р. (2019). Горан Стефановски (1952–2018). Во З. Анчевски (уред.). Книжевници-наставници од Филолошкиот факултет (I том), 51–74. Скопје: Филолошки факултет „Блаже Конески“.
Младеновски, Р. (2005). За мудрата и автентична македонска приказна. Современост, 4: 127–131.
Стефановски, Г. (2004). Конзервирани импресии. Скопје: Темплум.
Стефановски, Г. (2005). Приказни од Дивиот Исток. Скопје: Табернакул.
Стефановски, Г. (2010). Кавга со Кафка и други есеи. Скопје: Табернакул.
Ќулавкова, К. (2002). Мала теорија: егзотичен од по рабовите на книжевноста : поетика на есејот и прилог во македонскиот есеј. Во В. Стојчевска-Антиќ (уред.). Македонски јазик, литература и култура: зборник реферати од Четвртата македонско-северноамериканска славистичка конференција за македонистика, 191–207. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
Ќулавкова, К. (прир.). (2007). Поимник на книжевната теорија. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
Џепароски, И. (2008). Филозофијата и поетиката на есејот. Во И. Џепароски (уред.). Македонскиот есеј, 5–19. Битола: Микена.

Cuddon, J.A. (1992). A Dictionary of Literary Terms and Literary Theory. London: Penguin Books.
Eko, U. (2001). Granice tumačenja. Beograd: Paideia.
Epstein, J. (ed.). (1997). The Norton Book of Personal Essays. New York: W.W. Norton & Company.
Lopate, P. (ed.). (1995) Art of Personal Essay: an Anthology from the Classical Era to the Present. New York: Anchor Books.
Lukač, G. (1973). Duša i oblici. Beograd: Nolit.
Lukić, J. (2001). Metaproza: Čitanje žanra. Beograd: Stubovi kulture.
Stefanovski, G. (2018). The Spark Which Escapes (narratives between hammer and anvil). Ракопис од лична архива.

Смилевски, Г. (2019). Ставовите на Горан Стефановски за идентитетот и за идентитетските наративи. [Интернет] Philological Studies. 17(2): 160–172. Достапно на: https://journals.ukim.mk/index.php/philologicalstudies/article/view/323/253 [Пристапено на: 10.1.2020]
Стефановски, Г. (2018). Писмо до внуката. Факултети [Интернет] 28 ноември. Достапно на: https://www.fakulteti.mk/news/28112018/pismo-do-vnukata---goran-stefanovski [Пристапено на: 23.2.2020]