Пантеистичко раскажувачко искуство (во светот на Зоосториите од Владимир Мартиновски)
##plugins.themes.bootstrap3.article.main##
Апстракт
Традиционалните и современите наратолошки истражувања ја потврдија виталната природа на раскажувањето и неговото значење за правилно разбирање на речиси сите човечки феномени. Таквата фокусираност врз човекот и неговата способност за раскажување ги поттикна актуелните анализи кон промислување на природата на другите појави (од човечкиот, животинскиот, растителниот свет и сл.), кои поседуваат сопствен животен тек и своја приказна. Во таа смисла, импресивната творечка објава на Зоосториите од Владимир Мартиновски значеше своевиден културен пресврт во македонската средина, преиспитувајќи ги темелните својства на раскажувањето. Оваа збирка ја имагинира зоосферата како специфичен хронотоп, среде кој се преобликуваат мноштвото актуелни категории, кои се дел од човековата постмодерна култура. Истовремено, таквото конципирање на различните приказни од животните и за нив, кои не само што добиваат право на глас туку изрaснуваат и како активен творец, значи поместување на метафизичкиот картезијански центар, кој со векови ја затемнува суштествената улога на природната разновидност при промислувањето на човековата суштина. Да се пишува туѓата приказна значи да се согледа себството како некој Друг, односно да се надмине она што разликува во корист на она што создава просторни односи и временска блискост (во смисла на поимот différance на Жак Дерида).
Downloads
##plugins.themes.bootstrap3.article.details##
Copyright © 2014 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Современа филологија
Референци
Бодријар, Ж. (2001). Симулакруми и симулација. Скопје: Магор.
Еко, У. (2005). Шест прошетки низ наративните шуми. Скопје: Култура.
Кристева, Ј. (2003). Речта, дијалогот, романот. Во К. Ќулавкова (прир.). Теорија на интертекстуалноста, 9–39. Скопје: Култура.
Мартиновски, В. (2019). Зоостории (Приказни за луѓе и животни). Скопје: Бегемот.
Османли, Т. (2019). Зошто „Зоостории“? (Поговор кон Зоостории од Владимир Мартиновски). Во Владимир Мартиновски. Зоостории (Приказни за луѓе и животни), 204–211. Скопје: Бегемот.
Платон. (2005). Политеја. Во Иван Џепароски (прир). Убавина и уметност, 3–52. Скопје: Магор.
Џенкс, Ч. (2006). Од „Што е постмодернизам?“ (1986). Во Лоренс Кахун (ур.). Од модернизам до постмодернизам, 161–176. Прев. Драган Јакимовски. Скопје: Темплум.
Bahtin, M. (1978). Stvaralaštvo Fransoa Rablea i narodna kultura srednjega veka i renesanse. Prev. Ivan Šop i Tihomir Vučković. Beograd: Nolit.
Bahtin, M. M. (2000). Problemi poetike Dostojevskog. Prev. Milica Nikolić. Beograd: Nolit.
Benvenist, E. (1975). Problemi opšte lingvistike. Prev. Sreten Marić. Beograd: Nolit.
Budelmann, F. (2009). Introducing Greek Lyric. In Felix Budelmann (ed.). The Cambridge Companion to Greek Lyric, 1–18. Cambridge: Cambridge University Press.
Chatman, S. (1978). Story and Discourse (Narrative Structure in Fiction and Film). Ithaca and London: Cornell University Press.
Hugo, V. (1979). Predgovor „Cromwellu“. U Miroslav Beker (prir.). Povijest književnih teorija, 316–332. Zagreb: SNL.
Огненовски, С. (2020). Комплексна зоо симбиоза (Кон збирката раскази „Зоостории“ на Владимир Мартиновски во издание на Бегемот, Скопје, 2019). [Интернет] Критика. Достапно на: https://kritika.mk/kompleksna-zoo-simbioza/ [Пристапено на 20.8.2020]
McCormack, B. (2018). Narratology beyond the Human: Storytelling and Animal Life by David Herman. [Online] The Goose, vol. 17, no. 1, 1–3. Available from: https://core.ac.uk/download/pdf/216874576.pdf [Accessed: August 20th, 2020]