Интердискурзивните перформанси на книжевноста

##plugins.themes.bootstrap3.article.main##

Марија Ѓорѓиева Димова

Апстракт

Текстот елаборира една варијанта на пресекот помеѓу интердискурзивните интерференции во книжевноста и интердисциплинарните вкрстувања во книжевната теорија, отелотворен во односот помеѓу наративната фикција и конструктивизмот, којшто интегрира две рамништа на афирмација: рамништето на артикулација на конструктивистичките принципи во наративните текстови и рамништето на толкување на тие текстови низ призма на конструктивистичките концепции. Елаборацијата на поимот конструктивизам се остварува на две рамништа. Прво, на теориско рамниште, преку прегледот на актуелните теориски концепции коишто дефинираат и опишуваат различни аспекти на конструктивизмот (теориите на Е. Глазерсфелд, Х. Фирстер, З. Шмит, Р. Бројер, Б. Мекхејл). Второ, на интерпретативно рамниште, преку толкувањето на романот Александар и смртта на Слободан Мицковиќ кое е во функција на аргументирање на појдовната теза дека историографската метафикција, како парадигматичен постмодернистички жанр, ги демонстрира двете димензии на констру-ктивизмот: како модус на артикулирање на интердискурзивните релации во романот и како интердисциплинарен херменевтички модел на толкување на романот.

Downloads

Download data is not yet available.

##plugins.themes.bootstrap3.article.details##

Рубрика
Literature

Референци

Мицковиќ, С. (1992). Александар и смртта. Скопје: Култура.
Ќулавкова, К. (1996). Интертекстуалнaта потка на романот Александар и смртта од Слободан Мицковиќ. Во К. Ќулавкова (уред.). Потход и исход, 231–24. Скопје: Култура.
Ќулавкова, К. (2009). Историографската метафикција како метаисториографска фикција: критичко препрочитување на метафикциската парадигма. Во К. Ќулавкова (уред.). Демонот на толкувањето, 147–166. Скопје: МАНУ.
Ќулавкова, К. (2008). Македонската историографска метафикција. Во Зборник од предавањата на Семинарот за македонски јазик, литература и култура, 153– 168. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Ankersmit. F. (1994). History and tropology: The rise and fall of metaphor. Berkely: University of Califormia Press.
Berger, P. L. and Luckmann, Т. (eds.) (1989). The social construction of reality. New York: Anchor Book.
Breuer, R. (1984). Self-reflexivity in literature: The example of Samuel Beckett’s novel trilogy. In P. Watzlawick (ed.). The invented reality, 145–168. New York/London: W. W. Norton Company.
Currie, M. (1998). Postmodern narrative theory. New York: St. Martin’s Press.
Foerster, von H. (1984). On constructing a reality. In P. Watzlawick (ed.). The invented reality, 41–61. New York/London: W. W. Norton Company.
Glasersfeld, von E. (1984). An introduction to radical constructivism. In P. Watzlawick (ed.). The invented reality, 17–40. New York/London: W.W. Norton Company.
Glasersfeld, von E. (1989). Facts and the Self from a constructivist point of view. Poetics, 18: 435–448.
Goldstein J. L. (1977). History and the primacy of knowing. History and Theory, 4: 29–52.
Hassan, I. (1987). Pluralizam u postmodernističkoj perspektivi. Quorum 3 (4): 23–41.
Hutcheon, L. (1988). A poetics of postmodernism: History, theory, fiction. New York and London: Routledge.
Lotman, J. M. (1970). Predavanja iz strukturalne poetike. Sarajevo: Zavod za izdavanje udžbenika.
McHale, B. (2002). Constructing postmodernism. London and New York: Routledge.
Nunning, A. (1989). Baustaine einer Konstruktivistischen Erzhältheorie. Die erzählerische Umstetzung Konstruktivistischer Konzepte in den Romanen von John Fowles. Delfin, 13 (3): 3–17.
Rommerskirchen, B. (1999). Constructing reality. Frankfurt am Main: Peter Lang Europäischer Verlag der Wissenschaften.
Schmidt, S. J. (1984). The fiction is that reality exists: A constructivist model of reality, fiction, and literature. Poetics Today, 2: 253–274.
Schmidt, S. J. (1989). On the construction of fiction and the invention of facts. Poetics, 18: 319–335.
Watzlawick, P. (еd.) (1984). The invented reality. New York/London: W. W. Norton Company.
Waugh, P. (1996). Metafiction: The theory and practice of self-conscious fiction. London and New York: Routledge.
White, H. (1986). Tropics of Discourse. Baltimore and London: The John Hopkins University Press.
White, H. (1990). The content of the form. Baltimore and London: The John Hopkins University Press.