Филозофијата на Теодор Адорно за уметноста и за репетитивноста како начин на промена

##plugins.themes.bootstrap3.article.main##

Дарко Митевски

Апстракт

Студијата се занимава со поставувањето теорија за анализа на популарната музика според филозофијата на Теодор Адорно, преку концепциите за стандардизација, за псевдоиндивидуализација и за двата вида слушање на популарната музика: ритмички послушен и емотивен. Со поставувањето на оваа теорија критички ќе се согледа еден современ продукт на популарната музика – Екоџемс, дел 1 на американскиот музичар Даниел Лопатин, а истовремено, ќе се реферира и на анализите на некои современи музички критичари како Сајмон Рејнолдс и Марвин Лин. Студијата има намера да го интерпретира односот кон популарната музика од почетокот на нејзиното конципирање во првата половина од XX век и состојбата во која се наоѓа денес, на почетокот од XXI век. Во таа смисла, се укажува на негативниот став на Адорно кон вредноста на модерните културни производи и, следствено, говори за современите обиди на уметниците и на теоретичарите да пронајдат излези надвор од илузијата и од репресивната функција на модерната културна индустрија. Во интерпретацијата се укажува на употребата на репетитивноста и на модерните ефекти на музичката технологија кај Лопатин, како начин на поставување нови наративи во популарната култура.

Downloads

Download data is not yet available.

##plugins.themes.bootstrap3.article.details##

Рубрика
Culture

Референци

Adorno, T.W. (2001). The Culture Industry: Selected essays on mass culture. London: Routledge Classics.
Adorno, T.W. (2005). On Popular Music. In S. Frith and A. Goodwin (eds.). On Record: Rock, Pop, and the Written Word, 256-268. London: Routledge Publications.
Keller, C. (2015). Cloud of the Impossible: negative theology and planetary entanglement. New York: Columbia University Press.
Lin, M. (2019). Daniel Lopatin’s Chuck Person’s Eccojams Vol. 1. In W. Stockton and D. Gilson (eds.). The 33 1/3 B-sides: New Essays by 33 1/3 Authors on Beloved and Underrated Albums, 168-171. New York: Bloomsbury Publishing.
Reynolds, S. (2011). Retromania: Pop Culture’s Addiction to Its Own Past. New York: Faber and Faber.