Театролошкото поимање на митот: случајот Федра

##plugins.themes.bootstrap3.article.main##

Сашо Димоски

Апстракт

Трудот Театролошкото поимање на митот: случајот Федра има цел да ги објасни иманентните врски меѓу митот/митопоетиката и театарот. Трудот е поделен во два дела. Во првиот се детерминираат поимите и термините преку кои театарот и театрологијата „оперираат“ со митот, а во вториот се истражуваат драмските/театарските потенцијали на митот за Федра и неговото ресемантизирање и реакутaлизирање во одделни авторски драмски текстури. Целта на трудот е да понуди матрица за понатамошна операционализација со митот во неговото театролошко поимање. Од друга страна, трудот ги објаснува системите од каузалитети меѓу ликовите митеми, кои ја создаваат драмската фабула и интензитетот на драмската напнатост, воспоставувајќи корелација со митот, митската фабула и нејзините одлики. Следствено, централниот фокус на овој труд е врз функциите на каналите за ресемантизација, врз нивната чистина и/или шум во спроводливоста, како и врз уметничките (драмски) потенцијали на ресемантизираниот (драмски) текст. Овој текст оптира околу комуникацијата меѓу митот и театарот или, подобро, меѓу митот и драмскиот текст кој реферира на митологијата и претставува специфичен облик на ресемантизација на семантичките полнежи од митот и неговите градбени единици во уметнички кодирани видови текст наменети за изведба.

Downloads

Download data is not yet available.

##plugins.themes.bootstrap3.article.details##

Рубрика
Culture

Референци

Аристотел. (1990). За поетиката. Скопје: Култура.
Грејвс, Р. (2002). Грчки митови. Скопје: Табернакул.
Еко, У. (2005). Шест прошетки по наративните шум. Скопје: Култура.
Елијаде, М. (1992). Аспекти на митот. Скопје: Култура.
Лужина, Ј. (1995). Историја на македонската драма. Скопје: Култура.
Лужина, Ј. (2002). Театарот на македонската почва – енциклопедија. Скопје: Институт за театрологија.
Лужина, Ј. (2004). Презенција, игра, разлика – Дерида и неговите „маргинални“ театарски рефлексии. Identities/Идентитети, 3(2): 69–84.
Мелетински, Е. М. (2002). Поетика на митот. Скопје: Табернакул.
Павловски, М. (2004). Театарот и митот. Скопје: МИ-АН.

Bart, R. (1970). Književnost, mitologija, semiologija. Beograd: Nolit
Kane, S. (2001). Complete plays. London: Methuen.
Levi-Strauss, C. (1989). Strukturalna antropologija. Zagreb: Stvarnost.
Pavis, P. (2004). Pojmovnik teatra. Zagreb: Izdanja Antibarbarus.
Solar, M. (1992). Edipova braća i sinovi. Zagreb: Naklada Naprijed.
Topalović, V. i Brikić, B. (prir.) (1988). Sabrane grčke tragedije. Beograd: Kosmos