Калвино и Втората светска војна
##plugins.themes.bootstrap3.article.main##
Апстракт
Во овој текст се собрани податоците од учеството на Калвино во Втората светска војна, со цел да се проникне во начините како ова негово трауматично искуство било пренесено во првите негови дела, малку избрзано од самиот автор дефинирани како неореалистички. Станува збор за три раскази објавени во збирката Последен доаѓа гавранот (Еинауди 1949), како и за првиот роман на Калвино Патека кон пајаковите гнезда (Еинауди 1947). Во текстот го следиме идеолошкото и литерарното созревање на младиот Калвино (1923), кој од анархист ќе стане комунист, но и неговите идеи од тоа време за насилството, за историјата и за ангажманот на интелектуалецот. Се занимаваме и со наративните елементи во романот, особено во врска со изборот на нараторот и со идеолошките елементи што Калвино ги собира сите во едно, во деветтото поглавје од делото, во кое тој, низ дијалогот меѓу еден работник и еден интелектуалец, ги анализира партизаните антихерои што ги одбрал за јунаци на својот роман, чие минато и собраниот бес можеле да ги однесат на другата страна, кај фашистите. Низ неортодоксниот избор да ги прикаже партизаните како антихерои, Калвино укажува и на тешкотијата пред која се нашле луѓето од сите меридијани и простори на светот зафатен со оваа војна и со војните воопшто, во сеопштиот хаос и пропаганда да се снајдат, да ја одберат вистинската страна, иако тие самите како луѓе се слаби и несовршени.
Downloads
##plugins.themes.bootstrap3.article.details##
Copyright © 2014 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Современа филологија
Референци
Bonura, G. (1972). Invito alla lettura di Calvino. Milano: Mursia.
Calligaris, C. (1973). Italo Calvino. Milano: Mursia.
Calvino, I. (1980). Una pietra sopra. Discorsi di letteratura e società. Torino: Einaudi.
Calvino, I. (2006). Il sentiero dei nidi di ragno. Torino: Einaudi.
Calvino, I. (2010). Il sentiero dei nidi di ragno. Milano: Oscar Mondadori.
Pavese, C. (1962). La letteratura americana e altri saggi. Torino: Einaudi.
Pavese, C. (2008). I capolavori.Torino: Einaudi.
Scarpa, D. (1999). Italo Calvino. Milano: Bruno Mondadori.