Расказот како жанровски и дискурзивен феномен во збирката Припитомување на кучката од Венко Андоновски
##plugins.themes.bootstrap3.article.main##
Апстракт
Текстот претставува обид да се доближи творештвото на македонскиот писател и универзитетски професор Венко Андоновски низ интерпретација на расказите од збирката Припитомување на кучката. Појавата на оваа збирка значеше преиспитување на авторовите творечки модели, како и реактуализирање на наследените жанровски, стилски, мотивски и други елементи од литературата воопшто. Нашата анализа го зема најпрво предвид класичното поимање на расказот како жанр, кое може да се следи преку испитувањето на неговите жанровски својства, за да бидат потоа тие тези преосмислени во врска со потенцијалот на расказот како дискурзивен феномен. Анализирањето на расказите на Андоновски е направено соодветно на нивниот распоред во збирката, бидејќи таквиот редослед упатува и на постепената промена на авторовата перспектива во однос на расказот. Очекувано е дека одредени прашања ќе останат отворени, особено оние во однос на поимањето на жанровската структура, или во однос на валидноста на жанровските претпоставки. Сепак, расказите од оваа збирка сведочат за активното конфронтирање со гласовите на епохата, односно со масовната литература, која нуди инстантни варијанти за многубројни, често едноставно разбрани аспекти на она што се нарекува вештина на творење литературни текстови.
Downloads
##plugins.themes.bootstrap3.article.details##
Copyright © 2014 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Современа филологија
Референци
Андоновски, В. (2019). Достоевски и Мекдоналдс (Книжевни и културолошки студии). Скопје: Три.
Бахтин, М. М. (1986). Проблема речевых жанров. В С. Г. Бочаров и В. В. Кожинов (eds.). Литературно-критические статьи, 428–472. Москва: Художественная литература.
Еко, У. (2005). Шест прошетки низ наративните шуми. Скопје: Култура.
Bahtin, M. (Vološinov, V. N.).(1980). Marksizam i filozofija jezika. Prev. Radovan Matijašević. Beograd: Nolit.
Ejhenbaum, B. (1972). Književnost. Prev. Marina Bojić. Beograd: Nolit.
Frye, N. (1979). Anatomija kritike (četiri eseja). Prev. Giga Gračan. Zagreb: Naprijed.
Ingarden, R. (1973). The Literary Work of Art. Trans. G. Grabowicz. Evanston: Northwestern University Press.
Iser, W. (1974). The Implied Reader. Baltimore: Johns Hopkins University Press.
Lejeune, Ph. (1982). The Autobiographical Contract. In T. Todorov (ed.). French Literary Theory Today, 192–222. Cambridge: Cambridge University Press.
May, Ch. E. (2002). The Short Story (the reality of artifice). New York and London: Routledge.
Solar, M. (1985). Teorija novele. In Z. Konstantinović (ed.). Književni rodovi i vrste – teorija i istorija (I), 37–83. Beograd: Rad.
Андоновски, В. (2018a). Се забавував тестирајќи ги можностите на мојот расказ. Интервју со Венко Андоновски. Нова Македонија, [Интернет] 29.12.2018 Достапно на: https://www.novamakedonija.com.mk [Пристапено на: 15.2.2020]
Димитрова, А. (2018). Куса рецензија на збирката раскази „Припитомување на кучката“, автор Венко Андоновски, издание на „Три“, 2018. СловоКулт: Литература, [Интернет]. Достапно на: http://www.slovokult.eu/index.php/osvrti/03-raskazi-2018-venko-andonovski/ [Пристапено на: 15.2.2020]