Естетска (ре)конструкција на една траума
Main Article Content
Abstract
Човекот е во постојана врска со реалноста околу себе и врз основа на постапките, мислењата и одлуките тој го создава сопственото јас, кое неминовно е условено од релацијата меѓу себството и Другиот. Идентификацијата станува цел за да се премине непремостливот јаз, оној кој секогаш создава поделби во себството и го поттикнува затворањето во себеси.
Како примери кои во својата приказна ја инкорпорираат релацијата персона – реалност – идентитет, но кои, исто така, ги актуализираат и проблемите на градење на идентитетот, траумата која длабоко се вовлекува во составот на таквите напори, односот кон Другиот и, најпосле, постапката на кршење (разградување) на проектираната стварност и подривање на основата врз која е изградена – се филмовите: Персона на Ингмар Бергман (Ingmar Bergman 1966), Очи широко затворени на Стенли Кјубрик (Stanley Kubrick 1999), Булевар на ѕвездите на Дејвид Линч (David Lynch 2001) и Неповратно на Гаспар Ноа (Gaspard Noé 2002).
Траумата која се случува во секој од овие филмски наративи е почетен импулс на т.н. метаморфозирање (дублирање), кое го пресвртува светот кој е поставен пред гледачите.
Downloads
Article Details
Copyright © 2014 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Современа филологија
References
Felman, S. and Laub, D. (1997). Testimony: crises of witnessing in literature, psychoanalysis, and history. London: M. D.
Lacan, J. (2006). The mirror stage as formative of the function as revealed in psychoanalytic experience. In B. Fink (transl.). Écrits (1st complete edition in English), 1–7. New York and London: W. W. Norton and Company.
Sontag, S. (2000). Bergman’s persona. In S. L. Michaels (ed.). Ingmar Bergman’s persona, 61–86. Cambridge: Cambridge University Press.
Žižek, S. (2001). The fright of real tears: Krzysztof Kieslowski between theory and post theory. London: BFI Publishing.
Žižek, S. (2006). How to read Lacan: From Che vuoi? to Fantasy. New York: W.W. Norton & Company.