Синтаксата на насловите во електронските медиуми во македонскиот стандарден јазик

Main Article Content

Виолета Јанушева

Abstract

Предмет на испитување се насловите на статиите во електронските медиуми во македонскиот стандарден јазик, а целта е да се утврдат нивните синтаксички карактеристики. Анализата на собраните примери покажува дека насловите во македонскиот јазик имаат идентични синтаксички карактеристики со оние што се утврдени во одделни истражувања, но и сопствени специфики што се условени од синтаксичките конструкции на македонскиот јазик. Тука спаѓаат следните карактеристики на насловите: максимална кондензација на информацијата што доведува до синтаксичка двосмисленост на насловите во однос на нивната анализа како прости или сложени реченици; сведување на информацијата на една поразвиена синтагма што предизвикува тешкотии во определување на тоа дали е дејството извршено или не; можност за двојна интерпретација на глаголската придавка што го условува видот на реченицата во однос на залогот; асиндетонско и различни видови субординативно поврзување во сложени реченици што ја актуализира синтаксичката двосмисленост и придонесува за нивната преголема информативност.

Downloads

Download data is not yet available.

Article Details

How to Cite
Јанушева, Виолета. 2019. “Синтаксата на насловите во електронските медиуми во македонскиот стандарден јазик”. Journal of Contemporary Philology 2 (1), 59-79. https://doi.org/10.37834/JCP1910059j.
Section
Linguistics

References

Велјановска, К. (2012). Фраземите во јазикот на медиумите. Macedonian Matters: Proceedings from the Seventh Macedonian-North American Conference on Macedonian Studies. Balkanistica, 25 (2): 165–170 (Special volume: Macedonian Matters: Proceedings from the Seventh Macedonian-North American Conference on Macedonian Studies). Oxford, Mississipi: The University of Mississipi Printing Services.
Геровски, Б. (1998). Новинарска реченица. Скопје: Круг.
Група автори. (2017). Правопис на македонскиот јазик (второ издание). Скопје: Институт за македонски јазик „К. Мисирков“ и Култура АД.
Јанушева, В. (2016). Синтаксичката анализа на сложената реченица во новинарскиот потстил на македонскиот стандарден јазик. Филолошки студии, 2: 174–187. Скопје: Институт за македонска литература, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
Јанушева, В. (2017). Асиндетонските реченици низ функционалните стилови на македонскиот стандарден јазик. Mundo Eslavo, 16: 395–407.
Јанушева, В. (2018а). Аналитичкиот прирок во новинарскиот потстил на македонскиот стандарден јазик. Mundo Eslavo, 17: 90–106.
Јанушева, В. (2018б). За акронимите во новинарскиот потстил на македонскиот стандарден јазик. Зборник од меѓународната научна конференција: Унапредување на статусот и корпусот на македонскиот стандарден јазик – Рацин и македонскиот јазик. Скопје: Совет за македонски јазик при Владата на РМ, Институт за македонски јазик „К. Мисирков, НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот, Велес.
Минова-Ѓуркова, Л. (2000). Синтакса на македонскиот стандарден јазик. Скопје: Магор.
Минова-Ѓуркова, Л. (2003). Стилистика на современиот македонски јазик. Скопје: Радинг.
Тантуровска, Л. (2010). Употребата на интерпункциските знаци во насловите од печатените медиуми. Во Зборник од Меѓународниот македонистички собир 2008. Скопје: Филолошки факултет „Блаже Конески“.
Треневски, Т. (2004). Јазикот на печатот во Република Македонија. Докторска дисертација. Скопје: Филолошки факултет „Блаже Конески“.

Bell, A. (1991). The language of news media. Oxford and Cambridge, MA: Blackwell.
Biber, D., Johansson, S., Leech, G., Conrad, S. and Finegan, E. (1999). Longman grammar of spoken and written English. London: Pearson Education Limited. Available from: https://bit.ly/2RgdOGh, Accessed: 8.8. 2018.
Cotter, C. (2010). News talk: Investigating the language of journalism. Cambridge: Cambridge University Press.
Crystal, D. (2003). A dictionary of linguistics and phonetics (5th edn.). Oxford: Oxford University Press.
Dor, D. (2003). On newspaper Headlines as Relevance Optimizers. Journal of Pragmatics, 35: 695–721. [Online] Available from: https://bit.ly/2RZgsDO, Accessed: 30.8.2018.
Fairclough, N. (1989). Language and power. Harlow: Longman.
Fromkin, V., Rodman, R. and Hyams, N. (2007). An introduction to language (8th edn.). Boston: Thomson Wadsworth.
Januševa, V. and Jurukovska, J. (2017). The orthography of the dash in the Macedonian standard language and the journalistic sub-style. International Journal of Language Academy, 19: 331–342. DOI: http://dx.doi.org/10.18033/ijla.3669.
LaRocque, P. (2003). Heads you win: An essay guide to better headline and caption writing. USA: Marion Street Press, Inc. [Online] Available from: https://bit.ly/2SbBwTY, [Accessed: July 27th, 2018]
Mitrová, G. (2006). A research into the stylistics of English and Slovak newspaper headlines. Master thesis. Žilina: Žilinská univerzita, Fakulta prírodných vied. Available from: https://bit.ly/2HCKrNP [Accessed: June 4th, 2018]
Ọ̀ṣunnúgà, О. (2013). Investigating ambiguity in headlines of contemporary Yorùbá newspapers. Linguistics and Literature Studies, 1(2): 61–65.
DOI: 10.13189/lls.2013.010202. [Online] Available from: https://bit.ly/2Sh7QbW [Accessed: June 4th, 2018].
Prášková, E. (2009). Grammar in newspaper headlines. BA thesis. Pardubice: University in Pardubice, Faculty of Arts and Philosophy. Available from: https://bit.ly/2DHdKeG, [Accessed: June 4th, 2018]
Quirk, R., Greenbaum, S., Leech, G. and Svartik, J. (1985). A comprehensive grammar of the English language. London: Longman.
Halliday, M. A. K. (1985). An introduction to Functional Grammar. London: Edward Arnold.
Van Dijk, Teun, A. (1988). News as discourse. Hillsdale: Lawrence Erlbaum Associates Publishers. Available from: https://bit.ly/2Uk1FB5 [Accessed: June 4th, 2018]