Поетиката на слем-поезијата
Main Article Content
Abstract
Во текстот се осврнуваме на слем-поезијата како изведбен начин на презентирање на литературата. Слем-поезијата најчесто се изведува на Потери слем-натпревари, фестивали и други настани и е производ на урбаноста и на урбаниот начин на живот, а врз неа се чувствува влијанието на хипхоп-музиката. Мешавината на слем-поезијата со хипхопот и со други форми на изразување, особено кај помладите, придонесува за менување или за подобрување на односот кон поезијата и перформативните уметности. Слем-поезијата посочува проблеми и проблематизира одредени веќе постојни и општо прифатени ставови и состојби, а критички се осврнува и укажува на непосакувани тенденции во општеството. Техниките на создавање слем-поезија, кои се сметаат за релевантни, се однесуваат на структурата, јазикот, афектот и значењето. Функционирањето на слемот се одвива преку јазик што располага со сопствена терминологија и има своја поетика. Структурно, стиховите можат да бидат со рима или без неа, организирани во строфи, со интерпункциски знаци или без нив. Посебно внимание се посветува на мелодиката и на ритамот, кои умешниот интерпретатор ги користи за акцентирање и за потенцирање на стиховите што смета дека се важни за настапот. Со нејзината жива и разиграна интерпретација, ослободена од класичните сфаќања за поезијата како жанр, слем-поезијата и Поетри слем-манифестациите поттикнуваат нови генерации поети на кои им се овозможува да ги споделат своите ставови пред поширока публика.
Downloads
Article Details
Copyright © 2014 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Современа филологија
References
Ковилоски, С. (2019б). Лириките на хипхопот. Нова Македонија, 12 јуни.
Ќулавкова, К. (прир.). (2007). Поимник на книжевната теорија. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
Лотман, Ј. М. (2005). Структурата на уметничкиот текст. Скопје: Македонска реч.
Hilborn, N. (2015). Joey. Our Numbered Days. Minneapolis: Button Poetry, Exploding Pinecone Press.
Low, B. (2011). Slam School: Learning Through Conflict in the Hip-Hop and Spoken Word Classroom. Stanford University Press.
Sherman J. R. (ed.). (1997). African-American Poetry, An Anthology, 1773-1927. Mineola, New York: Dover Publications, Inc.
Smith, М. К., Kraynak, Ј. (2009). Stage a Poetry Slam: Creating Performance Poetry Events-Insider Tips And Lots of Examples. Sourcebooks MediaFusion.
Solar, M. (2005). Teorija književnosti. Zagreb: Školska knjiga.
Somers-Willett, S. B. A. (2009). The Cultural Politics of Slam Poetry: Race, Identity, and the Performance of Popular Verse in America. The University of Michigan Press.
Watts, Karen (compiler). (1994). 21st Century Dictionary of Slang. New York: Dell Publishing.
Williamson, J. W. (2015). The Hermeneutics of Poetry Slam: Play, Festival and Symbol. Journal of Applied Hermeneutics.