Сликата за другиот во „Змиски ветер“ и „Егејци“

Main Article Content

Весна Кожинкова

Abstract

Науката за литературата и компаратистиката ја развија имагологијата како посебна дисциплина која ги проучува сликите за другите. Најчест облик на сликата на другиот е стереотипот, во последните децении многу користен термин во сите општествени теории. Стереотипот станува средство за препознавање, етикетирање, ориентирање, потврдување и вреднување. Во историјата на изучувањето на стереотипите најмногу внимание е посветено на етничките и на културните стереотипи. Во нашата културна и книжевна историја посебно место имаат стереотипите за Македонците жртви на егзодусот за време на Граѓанската војна во Грција. Со текот на времето и низ времето Егејците и „егејството“ воопшто добиваат одредени идеолошки содржини, така што тие прераснуваат во еден своевиден мит кој може да има позитивна или негативна употреба во зависност од одреден актуелен контекст. Позитивната употреба на тој мит се гледа преку протежирање на т.н. егејски теми од реномирани уметници кои потекнуваат од тој дел на Македонија. Негативната употреба се гледа во фактот на последиците од негативните стереотипи за Егејците, за нивната неподобност за вршење на јавни општествени дејности, за нивната сомнителност во одреден политички контекст.

Downloads

Download data is not yet available.

Article Details

How to Cite
Кожинкова, Весна. 2018. “Сликата за другиот во „Змиски ветер“ и „Егејци“”. Journal of Contemporary Philology 1 (2), 137–149. https://doi.org/10.37834/JCP1820137k.
Section
Literature

References

Георгиевски, Т. (1969). Змиски ветер. Скопје: Македонска книга.
Колбе, Б. К. (1999). Егејци. Скопје: Култура.
Пажо, Д. А. (2002). Општа и компаративна книжевност. Скопје: Македонска книга.
Пановски, С., Лафазановски, И. (2005). Прогонство што трае. Скопје: Алфа 94.
Ќулавкова, К. (2001). Мала книжевна теорија. Скопје: Три.

Hercfeld, Majkl (2004). Kulturna intimnost. Beograd: Krug Commercе.