ВЛИЈАНИЕ НА ТЕХНОЛОГИЈАТА НА СУШЕЊЕ ВРЗ ХЕМИСКИОТ СОСТАВ НА ПЕЧУРКИТЕ ШИИТАКИ IMPACT OF DRYING TECHNOLOGY ON THE CHEMICAL COMPOSITION OF THE MUSHROOMS SHIITAKE
##plugins.themes.bootstrap3.article.main##
Апстракт
Во Република Македонија печурката шиитаки се одгледува на многу мали простори. Се користи за консумација како во свежа, така и во преработена состојба. Во преработена форма, најмногу се користи како сушена. Хемискиот состав на печурките е од посебно значење за исхраната на човекот како и за самата технолошка постапка на преработка. Хемискиот состав на свежата печурка е од големо значење за изборот на технолошките процеси и квалитетните својства на крајните производи. Целта на нашето испитување беше да се утврди разликата во хемискиот состав на свежи и сушени шиитаки печурки. Квалитетните својства на испитуваните печурки ги определивме преку определување на механички и хемиски својства. Испитувањата се вршени во текот на 2013 година. Утврдени се хемиските својства на свежите и сушените печурки. Сушењето на печурките е изведено во коморна сушница со загреан воздух. Принципот на сушење е прецизно изведен за да се добие карактеристичен мирис и изглед на печурката. Сите испитувани параметри имаат повисока вредност кај сушените печурки во однос на свежите. Содржината на вкупни суви материи е повисока кај сушените печурки (92.20%) споредено со свежите печурки (25.20%). Содржината на вкупни киселини кај сушените печурки изнесува 0.48%, а кај свежите изнесува 0.16%. Содржината на витамин С кај сушените печурки изнесува 13.53 mg %, а кај свежите изнесува 8.24 mg %. Минералните материи изнесуваат 4.80 % кај сушените и 1.00 % кај свежите печурки. Сушењето во коморна сушница е брз метод со кој се овозможува отстранување на потребното количество вода, инактивација на ензимите, намалување на метаболизмот на микроорганизмите и оневозможување за нивно понатамошно размножување. Ова претставува основен принцип на конзервирањето и подолготрајно чување на производите.
Downloads
##plugins.themes.bootstrap3.article.details##
Референци
Brauer, D., Kimmons, T., Phillips, M. (2002). Effects of management on the yield and highmolecular-weight polysaccharide content of shiitake (Lentinula edodes) mushrooms. Journal of Agricultural and Food Chemistry Vol. 50 (19), (333-337).
Burnett, C. (1988). Shiitake mushroom production: good food combines good forestry and good economics. In Illinois Forest Management. Cooperative Extension Service. Univercity of Illinois. Urbana, Illinois. Vol. 2 (15), (1-4).
Chang, S.T. (1987). World production of cultivated edible mushrooms in 1986. Mushroom Journal Tropics Vol. 7 (4), (117-120).
Chang, S. T., Miles, P. G. (2004). Mushrooms: Cultivation, nutritional value, medicinal effect, and environmental impact. Second Edition.
CRC Press, Boca Raton, Fla, (451-455). Choi, Y., Lee, S., Chun, J., Lee, H, Lee, J. (2006). Influence of heat treatment on the antioxidant activities and polyphenolic compounds of shiitake (Lentinus edodes)
mushroom. Food Chem, Vol. 99 (2), (381).
Harris, B. (1986). Growing shiitake commercially. Science Tech Publishers, Madison, Wisconsin, (69-72).
Royse, D.J., Schisler, L.C., Diehle, D.A. (1985). Shiitake Mushrooms: consumption, production and cultivation. Interdisciplinary Science Reviews, Vol. 10 (4), (329-335).
San, A., James, P. (1981). Cultivation of the shiitake mushroom. Hort Science, Vol. 16 (2), (151-156).
Sarić, M., Stanković, Z., Krstić, B. (1989). Plant physiology, Science book, Novi Sad, Serbia.
Turło, J., Gutkowska, B., Herold, F. (2010). Effect of selenium enrichment on antioxidant activities and chemical composition of Lentinula edodes (berk.) pegl. Mycelia extracts. Food and chemical toxicology, Vol. 48 (4), (91-92).
Turner, S. (1988). The new fungus among us. Extension Review, Vol. 59 (2), (18-20). Wilcke, W.F., Haugh, S.G., Diehl, K. Coale, W. (1989). Design of a shiitake mushroom packing line. Applied Engineering in Agriculture, Vol. 5 (3), (405-411).