RRLC МЕТОД ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ХЛОРОГЕНА КИСЕЛИНА ВО ПРОИЗВОДОТ CIRKON RRLC METHOD FOR DETERMATION OF CHLOROGENIC ACID IN CIRKON PRODUCT
##plugins.themes.bootstrap3.article.main##
Апстракт
Во овој труд истражувањето е насочено кон пронаоѓање на нов аналитички метод за идентификација и квантификација на активната компонента хлорогена киселина во препаратот Cirkon. Cirkon е претставник на новата генерација агрохемиските препарати, којшто претставува природен растителен биостимулатор. Според хемискиот состав претставува смеса од хлорогена, кофеинска и цикорична киселина, екстрахирани од лековитото растение Echinacea purpurea L. Moench, од кои доминанта е хлорогена киселина. За воспоставување на реверзно-фазните хроматографски методи се користени три аналитички колони со различни димензии и големина на честички (Purospher STAR RP-18e (30 mm × 4 mm; 3 µm), LiChrospher 60 RP-select B (125 mm × 4 mm; 5 µm) и Poroshell 120 EC-18 (50 mm × 3 mm; 2,7 µm)) и мобилни фази составени од метанол/вода, метанол/(0,5 % мравска киселина во вода), метанол/(0,05 % мравска киселина во вода) и ацетонитрил/(0,05 % мравска киселина во вода) со различни волуменски односи.Оптималните услови за квалитативно и квантитативно определување на хлорогената киселина се добиени со употреба на аналитичката колона Poroshell 120 EC-18 (50 mm × 3 mm; 2,7 µm), изократско елуирање со мобилна фаза составена од ацетонитрил/1% фосфорна киселина растворена во вода (10/90, V/V), проток на мобилната фаза од 1 mL/min, константна температура на колоната од 25 °С и UV детекција на 220 nm, при што се добиени добро раздвоени, тесни и симетрични хроматографски пикови. Предложениот RRLC метод со употреба на ултравиолетов детектор со низа од диоди (UVDAD) е реалтивно брз и едноставен метод, којшто овозможува идентификација и квантитативно определување на активната компонента хлорогена киселина во препаратот Cirkon.Добиената средна вредност за концентрацијата на хлорогена киселина во препаратот Cirkon изнесува 0,1 g/L, којашто одговара на декларираната вредност од производителот.
Downloads
##plugins.themes.bootstrap3.article.details##
Референци
Binti N. H., Determination of caffeine, chlorogenic acid and nicotinic acid in coffee beans by using HPLC, Chemistry in the Faculty of Applied Sciences Universiti Teknologi MARA (2008).
Brown P. N., Chan M., Paley L., Betz J. M., Determination of Major Phenolic Compounds in Echinacea spp. Raw Materials and Finished Products by High-Performance Liquid Chromatography with Ultraviolet Detection,
South Hackensack, NJ (2008). Велкоска-Марковска Л. Д., Разработка на HPLC методи за истовремено определување на активните компоненти фенмедифам, десмедифам и етофумесат во
посетицидната формулација Inter Of, Магистерски труд, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Природно-математички факултет, Скопје, 2008.
Велкоска-Марковска Л. Д., Разработка на HPLC методи за квантитативно определување на некои хербициди и органофосфорни инсектициди во различни матрици, Докторска дисертација, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Природно-математички факултет, Скопје, 2013.
Mullen W., Freeke J., Barattini V., Fast Analysis of Coffee Bean Extracts Using a Solid Core HPLC Column, University of Glasgow, UK (2012).
Naegele, E., Determination of Chlorogenic Acid in Coffee Products According to DIN 10767, Food Testing & Agriculture USA (2013).
Петановска-Илиевска Б., Разработка на HPLC методи за квантитатино определување на активните компоненти Марковска, Л., Водеб, Л. (2010). Дневник за лабораториски вежби по аналитичка
хемија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје.
http://ffrm.org.mk/
http://tomatoland.mk/
https://toptropicals.com
http://www.ekoplantserbia.com/
https://en.wikipedia.org/wiki/Chlorogenic_acid
Chen Y., Yu Q. J., Xuemei L., Luo Y., Extraction and HPLC Characterisation of Chlorogenic Acid from Tobacco Residuals, Nanjing Normal University, Nanjing, P.R. China (2012)
ChromBook, Your guide to a fascinating world of chromatography, Merck, 2011.
ChromBook, Chromatography at Merck – Experience drives Innovation, Merck, 2006/07.
ChromBook, Merck, 2004.