ВЛИЈАНИЕТО НА МАКРОБИОГЕНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ ВРЗ КВАЛИТЕТОТ НА ВИНОВАТА ЛОЗА ВО УСЛОВИ НА ВАЛАНДОВСКИОТ РЕОН INFLUENCE OF MACROBIOGENIC ELEMENTS ON THE QUALITY OF WINE VINE IN THE CONDITIONS OF REGION VALANDOVO

Main Article Content

Georgina Jedikovska
Katerina Veljanova

Abstract

Макробиогените елементи се клучни за правилното функционирање на виновата лоза. Од нивното присуство или отсуство во почвата, зависи севкупниот раст, развој и плодоносење на виновата лоза. Водејќи се од фактот, што, во современото земјоделско производство, основна цел е да се добијат повисоки приноси, кои истовремено ќе се одликуваат со добар квалитет, несомнено е дека, секој земјоделец, ќе цели кон детална анализа на почвените својства и почвената снабденост со макроелементите, чија застапеност ќе загарантира повисоки приноси, а со самото тоа и повисоки приходи. За таа цел, една од најважните агротехнички мерки е исхраната на растенијата, која заедно со другите треба да овозможи непрекинато, високо и рентабилно производство. Според тоа, секој од макробиогените елементи, исто како и микробиогените, има специфично значење врз физиолошко-биохемиските процеси во органите на лозата. Оптималните концентрации на макробиогените елементи кај виновата лоза, регулирани преку почвена или фолијарна исхрана на истата, ја играат најбитната улога во правилното одвивање на сите нејзини животни функции. Од правилната употреба на макробиогените елементи зависи квалитетот и квантитетот на виновата лоза. Целта на овој труд е да се истакне значењето и важноста на макробиогените елементи во исхраната на сортата винова лоза шардоне одгледувана во услови на валандовскиот реон. Во насадот извршено е ѓубрење со минерално ѓубриво NPK 10-20-30 во количина од 450 кг/ха. Испитувана е плодноста на почвата под сортата шардоне при што утврдена е средна плодност со достапен азот и фосфор, а добра плодност со достапен калиум. Испитуван е и хемискиот состав на ластарите при утврдена е повисока содржина на сите испитувани параметри кај ѓубрената варијанта, а во споредба со неѓубрената.

Downloads

Download data is not yet available.

Article Details

Section
Articles

References

Јекиќ Милан, Агрохемија I, Скопје, 1983
Јекиќ Милан, Агрохемија II, Скопје, 1985
Настев Драган, Современо Лозарство, Скопје, 1998
Miklauzic Ljudevit, Ishrana vinove loze I gnojidba vinograda, Zagreb, 1989
Мулинс Г. Мајкл, Биологија на виновата лоза, САД, 1993
Saric M., Fiziologija bljaka, 250 – 270, Naucna knjiga, Novi Sad, 1989
Стојанова Марина, „Ефекти од почвеното и фолијарното ѓубрење врз приносот кај сортите шардоне, италијански ризлинг во скопското виногорје“, Зборник на научни трудови, Скопје, 2003
Стојанова Марина, „Ефекти од почвеното и фолијарното ѓубрење на виновата лоза врз приносот, квалитетот и отпорноста на ниски температури“, Дис. Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Факултет за Земјоделски Науки и Храна, Скопје, 2001
Стојковска Ангелина, Агрохемија, учебник за земјоделски училишта, Скопје, 1985
Трпески Видоја, Интерна скрипта по исхрана на растенијата, Скопје, 2007
Христов Т. Петар, Лозарство - општо, Скопје, 2002