КРЕАТИВНОСТА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА: ТЕОРЕТСКИ ОСНОВИ И ИСТРАЖУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИТЕ СТАВОВИ

Автори

  • Софија Георгиевска Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

креативност, студенти, социјална работа, семејна поддршка, училиштна клима

Апстракт

Креативноста претставува клучен елемент во современото образование, особено во областа на социјалната работа, каде што професионалците се соочуваат со сложени и променливи општествени предизвици. Целта на ова истражување беше да се испитаат перцепциите на студентите за сопствената креативност, училиштната клима и семејната поддршка како фактори кои го поттикнуваат или ограничуваат нивниот креативен потенцијал. Истражувањето беше спроведено во мај 2025 година на примерок од 57 студенти од Институтот за социјална работа и социјална политика. Употребен беше прашалник со 20 тврдења оценувани по Ликертова скала, поделен во три димензии: самоперципирана креативност, училиштна клима и семејна поддршка.
Резултатите покажаа дека студентите имаат умерено високо ниво на креативна самоперцепција (M = 3.84), силно чувство на поддршка од семејството (M = 4.11), но перципираат послаба поддршка од страна на институцијата (M = 3.21). Корелациската анализа покажа значајна поврзаност помеѓу самоперципираната креативност и семејната поддршка (r = 0.62), како и умерена врска со училишната клима (r = 0.44). Овие наоди го потврдуваат значењето на контекстот во развојот на креативноста и упатуваат на потребата од институционални промени за нејзино поинтензивно поттикнување.

Преземања

Објавено

2025-12-16

Како да се цитира

КРЕАТИВНОСТА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА: ТЕОРЕТСКИ ОСНОВИ И ИСТРАЖУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКИТЕ СТАВОВИ. (2025). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 78(1), 479-493. https://doi.org/10.37510/

Најчитани трудови од истиот автор(и)

1 2 > >>