ПСИХОМЕТРИСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА СКАЛАТА ЗА МЕРЕЊЕ НА ИНТЕРНАЛИЗИРАНА МИЗОГИНИЈА ПРЕВЕДЕНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Автори

  • Николина Кениг Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

скала на интернализирана мизогинија, психометриски карактеристики

Апстракт

Ова истражување ги проверувапсихометриските карактеристики на Скалата за интернализирана мизогинија (IMS) која е развиена од страна на Пигот во 2004 година, откако таа е преведена на македонски јазик. Примерокот се состои од 441 жена на возраст од 18 до 56 години (M = 31,2; SD = 11,7). Податоците беа прибирани онлајн, со доброволно и анонимно учество на испитаничките.
Конфирматорната факторска анализа идентификува умерено соодветен модел. Со мали отстапувања, задржана е оригиналната трокомпонентна структура која ги содржи факторите: недоверба кон жените, потценување на жените и вреднување на мажите повеќе од жените.
Скалата покажа висока внатрешна конзистентност (α = ,89), а корелациите помеѓу ајтемите и вкупниот скор на скалата се движат од r= ,40 до r=,72. Конвергентната валидност беше потврдена преку корелации со релевант-
ни конструкти: модерен сексизам (r(399) = ,22, p<.01), себепотиснување (r (399) = .23, p<.01) и самоидентификација како феминистка (r(399) = –,18,p<.01), додека дискриминантната валидност се потврди преку отсуство на корелација со општата самодоверба, наспроти негативната поврзаност со родовата самодоверба (r(399) = –,15,p<.01).
Наодите ја поддржуваат примената на Скалата на интернализирана мизогинија преведена на македонски за истражувачки и практични цели, со препорака за натамошнаревизија на критичните ајтеми, за да се обезбеди
крос-културна валидност и осетливост на можните промени на индикаторите на интернализираната мизогинија.

Преземања

Објавено

2025-12-16

Како да се цитира

ПСИХОМЕТРИСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА СКАЛАТА ЗА МЕРЕЊЕ НА ИНТЕРНАЛИЗИРАНА МИЗОГИНИЈА ПРЕВЕДЕНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. (2025). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 78(1), 193-212. https://doi.org/10.37510/

Најчитани трудови од истиот автор(и)

<< < 1 2