ПОВРЗАНОСТ НА ТВОРЕЧКИТЕ СТАВОВИ СО ПЕРФЕКЦИОНИЗМОТ НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Клучни зборови:
ТВОРЕЧКИ СТАВОВИ, ПЕРФЕКЦИОНИЗАМ, ПОЗИТИВЕН ПЕРФЕКЦИОНИЗАМ, НЕГАТИВЕН ПЕРФЕКЦИОНИЗАМАпстракт
Во трудот се презентирани сознанија добиени од истражување кое има цел да утврди каква е поврзаноста на творечките ставови на личноста со позитивниот и негативниот перфекционизам, а потоа да провери дали помеѓу позитивните и негативлите перфекционисти постојат разлики во однос на творечките ставови. За да се добијат одговори со поголема валидност, беше истражувана и разликата помеѓу екстремно позитивните и негативните перфекционисти во однос на творечките ставови.
Истражувањето е спроведело на пригоден примерок од 82 средлошколци од трета година во едно средно училиште од Сколје кои беа тестирани со Скала за позитивен и негативен перфекционизам (PANPS) и Тест за творечки ставови (ТТЅ).
При обработката на резултатите беа користени следните статистички постапки: аритметичка средина (М), стандардни отстапувања (SD), Пирсонов коефициелт на корелација (г), F-тест за проверка ла хомогеност помеѓу варијансите и t-тест за проверка на значајноста на разликите помеѓу аритметичките средини. Врз основа на добиените резултати може да се заклучи дека: творлечките ставови се поврзани позитивно со позитивниот перфекционизам, а негативниот со негативниот; зголемувањето на позитивлиот перфекциолизам е следено со зголемено присуство на творечки ставови; зголеменото присуство на негативниот перфекционизам е следено со намалено присуство на творечки ставови.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2009 Виолета Арнаудова

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.