ИНФОРМАЦИИ И ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМ ЗА ПЛАНИРАЊЕ

Автори

  • Оливер Бакрески Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje , Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

Клучни зборови:

ИНФОРMAЦИИ, ИНФОРМИРАЊЕ, ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМ, ПЛАНИРАЊЕ, ПЛАНИРАЧКИ ПРОИЗВОДИ

Апстракт

Информациите и информацискиот систем на планирање е предмет на сериозно теориско размислување, затоа што останува и понатаму актуелна тезата според која без соодветна и навремена информација не може да ce остварат замислените цели, односно истата останува и понатаму популарна во научните кругови во безбедносната сфера, каде ce смета дека неизвесноста може да ce намали само ако ce обезбедат точни и проверливи информации, или е изразена неопходноста од постоење современи информациони системи за планирање. Значи, планирањето може да биде успешно само ако ce потпира на соодветна информација и аналогно на тоа клучна претпоставка за успешно извршување на задачите е да ce располага со соодеетни податоци и информации.
Содржината во овој текст ce движи пo две насоки и тоа: најнапред, ce прави обид за рационална анализа на тоа што значи планирањето и информацискиот систем за планирање која ja надминува потребата сите субјекти кои ce вклучени во процесот на изработка на плановите да си го обезбедат потребниот степен на меѓусебно информирање, a ce со цел да ce разменат потребните информации особено во услови кога постои ограничен потенцијал. Втората насока опфаќа анализа за значењето на информациите кои ce исклучително важни за безбедносниот сектор и mue претежно ce однесуваат на демистификација на концептот на проверка и баланси.

Преземања

Објавено

2012-12-14

Како да се цитира

ИНФОРМАЦИИ И ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМ ЗА ПЛАНИРАЊЕ. (2012). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 65(1), 156-165. https://journals.ukim.mk/index.php/godzbo/article/view/3166

Најчитани трудови од истиот автор(и)

1 2 > >>