ОПРЕДЕЛУВАЊЕТО НА РЕЛИГИЈАТА И ДИХОТОМИЈАТА СВЕТО - ПРОФАНО ВО ТЕОРИЈАТА НА ЕМИЛ ДИРКЕМ

Автори

Клучни зборови:

РЕЛИГИЈА, СВЕТО, ПРОФАНО, ДИХОТОМИЈА, ДИЈАЛЕКТИКА

Апстракт

Во текстот ce разгледува поставувањето на дихотомијата на cвemomo и профаното како основа на религијата, a со тоа и на социјалното
и културното организирање на примордијалниот (но и на модерниот) религиозен човек. Во својата теорија за предметот и суштината на
религијата, Емил Диркем (Emile Durkheim) ги критикува мислењата дека религијата е резултат на индивидуалната зачуденост од мистериозноста на светот, како и оние според кои религијата е збир на верувања во божество. За Диркем, религијата е социјален, принуден феномен составен од верувања, митови и ритуали, a во основата на религиозниот живот е свemomo. Cвemomo е секогаш во опозиција со несветото, со профаното. Меѓу категориите на ceвmomo и на профаното nocmou однос на инкомпатибилност, дури и на антагонизам, mue ce потполно одделени и меѓу нив не nocmou контакт. А, сепак, комплексната дихотомија свето - профано како суштина на религијата, поради нивната дијалектичка спротивставеност, е можна само преку постојаното надминување на хетерогеноста во рамките на религиозниот култ, преку’ пролиферирањето на контагиозното свето во несветото; u преку системите на дозволи и забрани кои ги регулираат односите меѓу нив, заштитувајќи го cвemomo од инфериорноста на профаното, a профаното од супериорната моќ на
cвemomo.

Објавено

2013-12-16

Како да се цитира

ОПРЕДЕЛУВАЊЕТО НА РЕЛИГИЈАТА И ДИХОТОМИЈАТА СВЕТО - ПРОФАНО ВО ТЕОРИЈАТА НА ЕМИЛ ДИРКЕМ. (2013). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 66(1), 22-40. https://journals.ukim.mk/index.php/godzbo/article/view/3126

Најчитани трудови од истиот автор(и)

1 2 > >>