ПОВРЗАНОСТ НА ТВОРЕЧКИТЕ СТАВОВИ СО ПЕРФЕКЦИОНИЗМОТ НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ

Автори

  • Виолета Арнаудова Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

ТВОРЕЧКИ СТАВОВИ, ПЕРФЕКЦИОНИЗАМ, ПОЗИТИВЕН ПЕРФЕКЦИОНИЗАМ, НЕГАТИВЕН ПЕРФЕКЦИОНИЗАМ

Апстракт

Во трудот се презентирани сознанија добиени од истражување кое има цел да утврди каква е поврзаноста на творечките ставови на личноста со позитивниот и негативниот перфекционизам, а потоа да провери дали помеѓу позитивните и негативлите перфекционисти постојат разлики во однос на творечките ставови. За да се добијат одговори со поголема валидност, беше истражувана и разликата помеѓу екстремно позитивните и негативните перфекционисти во однос на творечките ставови.
Истражувањето е спроведело на пригоден примерок од 82 средлошколци од трета година во едно средно училиште од Сколје кои беа тестирани со Скала за позитивен и негативен перфекционизам (PANPS) и Тест за творечки ставови (ТТЅ).
При обработката на резултатите беа користени следните статистички постапки: аритметичка средина (М), стандардни отстапувања (SD), Пирсонов коефициелт на корелација (г), F-тест за проверка ла хомогеност помеѓу варијансите и t-тест за проверка на значајноста на разликите помеѓу аритметичките средини. Врз основа на добиените резултати може да се заклучи дека: творлечките ставови се поврзани позитивно со позитивниот перфекционизам, а негативниот со негативниот; зголемувањето на позитивлиот перфекциолизам е следено со зголемено присуство на творечки ставови; зголеменото присуство на негативниот перфекционизам е следено со намалено присуство на творечки ставови.

Преземања

Објавено

2009-12-16

Како да се цитира

ПОВРЗАНОСТ НА ТВОРЕЧКИТЕ СТАВОВИ СО ПЕРФЕКЦИОНИЗМОТ НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ. (2009). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 62(1), 119-130. https://doi.org/10.37510/

Најчитани трудови од истиот автор(и)