РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ И ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Authors

  • Боби Бадаревски ,

DOI:

https://doi.org/10.37510/godzbo2376793b

Keywords:

родовата еднаквост, вештачка интелигенција, chatgpt3, stem, мултидисциплинарност

Abstract

Во последниве години, вештачката интелигенција постигна значителен напредок, што доведе до широк спектар на апликации, како што се препознавање на говор, препораки за производи, превод на јазици и многу други примени. Иако родовата еднаквост и вештачката интелигенција можат да се сметаат за посебни области, тие се тесно поврзани и заемно влијаат една на друга. Целта на овој труд е да ги скицира различните аспекти на поврзаноста на родовата еднаквост и вештачката интелигенција, да ја идентификува заемната врска помеѓу нив, и да ги претстави предизвиците и можните решенија на проблемите кои произлегуваат од нивната поврзаност. Текстот ќе го претстави прашањето на родовата еднаквост во развојот на вештачка интелигенција, но и влијанието на вештачката интелигенција врз родовата еднаквост; предизвиците и можните решенија, успешни примери и студии на случаи, законодавство и политики кои го поддржуваат родовиот баланс во вештачка интелигенција, влијанието на родовата еднаквост на квалитетот и иновациите во вештачка интелигенција; иднината на динамиката на развојот на врската на родовата еднаквост и вештачка интелигенција.

Published

2023-12-16

How to Cite

РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ И ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА. (2023). Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje, 76(1), 793-804. https://doi.org/10.37510/godzbo2376793b

Most read articles by the same author(s)