ПРИЛОГ КОН ХРИСТИЈАНСКАТА ТОПОНИМИЈА НА МАКЕДОНИЈА. НАСЕЛБИ СО ИМИЊАТА НА БОГ/ТЕОС И БОГОРОДИЦА

Автори

  • Коста Аџиевски Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

ХРИСТИЈАНСТВО, ТОПОНИМИ, БОГ/ТЕОС, БОГОРОДИЦА, МАКЕДОНИЈА, НАСЕЛБИ, СРЕДЕН ВЕК, ОСМАНСКО ВЛАДЕЕЊЕ

Апстракт

Христијанството оставило длабоки корени во македонската историја, a извршило големо влијание и на топонимијата на Македонија. Голем број македонски топоними, во средниот век и во времето на османското владеење, имаат христијанско потекло, односно, содржат во себе христијански елементи. Тоа посебно е карактеристично за населбите, чии имиња ce позајмени од христијанството. Меѓу нив, посебно внимание заслужуваат населбите со амињата на Создателот-БоГ/Теос, или ce изедени од неговото име. Такви населби ce: Теово, Богомила, Побожје, Божи Град, Богацко, Боговине, Богдево, Богоселче, Божидол, Богданци и други. Мај- ката Божја-Богородица била доста популарна во Македонија. Многу населби го носеле нејзиното име, или пак биле изведени од него. Населби со името на Богородица ce евидентирани во областа на Делчево, Кочани, Петрич, Мелник, Солун, Гевгелија, Хрупишта и др. Добар дел од евидентираните христијански населби, под истите или малку изменети имиња, егзистираат и денес.

Преземања

Објавено

2008-12-16

Како да се цитира

ПРИЛОГ КОН ХРИСТИЈАНСКАТА ТОПОНИМИЈА НА МАКЕДОНИЈА. НАСЕЛБИ СО ИМИЊАТА НА БОГ/ТЕОС И БОГОРОДИЦА. (2008). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 61(1), 197-205. https://doi.org/10.37510/