Фонтови за подобрување на способноста за читање кај лицата со дислексија
Апстракт
Трудот ја обработува темата за карактеристиките на постоечките фон-
тови наменети за лицата со дислексија. Прво се осврнува на појаснување на самиот
акт на читање, како засегната способност кај лицата со дислексија, а потоа нуди
опис на дислексијата како најчеста тешкотија во учењето и ги посочува клучните
теории за нејзиното постоење, како и основните дефицити кои се јавуваат кај овие
лица и го отежнуваат процесот на читање. По појаснувањето на основната терми-
нологија, следува компаративна анализа на истражувања поврзани со фонтовите
за дислексија, како основа за навлегување во суштинските карактеристики на овие
фонтови. Карактеристиките на фонтовите за дислексија се обработени во трети-
от дел од трудот. Во овој дел се појаснети основните параметри кои ги поседуваат
фонтовите генерално, а потоа е наведено како параметрите варираат кај фонто-
вите за дислексичните читачи, со цел да се приспособат на нивните потреби. Пок-
рај тоа што е направена компарација на најпознатите латински фонтови, понуден
е опис и на фонт изработен за истата намена, но со кирилско писмо.
Downloads
Авторски права (c) 2018 Александра Каровска Ристовска

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.