Во канцеларијата на доктор Хаус: лекции по абдуктивно расудување
Апстракт
Абдукцијата, која честопати се дефинира како заклучување кон најдоброто
објаснување, е тип расудување што се употребува во ситуациите во кои постои не-
кој вид проблематично, збунувачко сведоштво, што треба да се објасни со помош на
најдобрата достапна хипотеза. Меѓу различните полиња на примена на абдуктив-
ното расудување, полето на медицината игра особено значајна улога, првенственo
во неговиот дијагностички сегмент, во чии рамки треба да се постави адекватна
дијагноза за причините за состојбата на пациентот.
Во овој труд е направен обид да се разработат логичките и епистемолош-
ките аспекти на дијагностичката аппликација на абдуктивното расудување. Деј-
носта на фиктивниот медицинско-дијагностички гениј – доктор Хаус, креиран од
страна на Дејвид Шор (David Shore), е употребена како илустративен пример за сло-
жената природа на овој тип расудување. Главната цел на анализата прикажана во
трудот е да се тестира адекватноста на доминантните теориски објаснувања на
абдуктивното расудување, особено во поглед на неговата структура, динамика и
практична применливост на медицинското поле, како и да се идентификуваат не-
говите елементи што бараат поопстоен теориски третман од епистемолошка
гледна точка.
Downloads
Авторски права (c) 2018 Ана Димишковска

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.