Социjaлна радиоскопија на Западен Балкан и обидот на Македонија за соочување со социјалниот предизвик

  • Нано Ружин Декан на Факултетот за политички науки ФОН Универзитет, Скопје

Апстракт

Што е тоа Западен Балкан и кои држави го сочинуваат? Дали е можно да
се дефинираат точните граници на овој ентитет? Јасно е дека овој простор повеќе е политички, отколку географски поим. Како државни субјекти на овој простор се поимаат сите држави што произлегоа од поранешната Југословенска федерација, освен Словенија, плус Албанија. Сите
овие држави се одликуваат со популација која во изминатите децении
доживеа бројни демографски промени и имигрантски шокови, различни
стапки на економски развој и транзиција, различни стапки на невработеност и хетерогени БНП, човечки индекс на развој, сиромаштија, индикатори на кризата, буџетски дефицит, и слично.
Напоредно, сите овие држави се обидоа да се соочат со растечките социјални предизвици кои се фокализираат околу три параметри: високата
стапка на невработеност, високата стапка на сиромаштија, ниските плати,
паралелно проследени со впечатлив буџетски дефицит. Каде е Република Македонија во оваа радиоскопија? Каков е нејзиниот социјален одговор? Дали Република Македонија воопшто настојува да изгради сопствен
модел на социјална држава, модел кој е во голема криза насекаде во
светот? Нашите сознанија покажуваат декa во Република Македонија сé
уште не е јасна границата меѓу социјалната политика и социјалната заштита. Експертите често погрешно идентификуваат одредени сегменти
на социјалната политика, толкувајќи ги како делови од социјалната заштита, иако нивните дефиниции се кристално јасни. Заради таквите превиди доаѓа и до погрешното сведување на социјалната заштита на социјална помош, што создава натамошни негативни консеквенци во општата
стратегија за социјалната заштита на подолг рок.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2011-12-01