Образовната сиромаштија како социјалнополитичко и педагошко прашање
Апстракт
Трудот прави анализа на релацијата меѓу социјалното потекло, образованието и сиромаштијата. Притоа, авторот дава дефинициски преглед на образовната сиромаштија и нејзините причини, го обработува
прашањето за различните значења кои ги имаат дикусиите за сиромаштијата и образованието во однос на социо-политичките и педагошки мерки, и истакнува кои неопходни реформи се потребни во
Германија. Во анализата трудот прави осврт и на состојбите во различните социјални држави во Европа. Авторот истакнува дека тесната поврзаност меѓу ниските квалификации, пониското образовно
ниво и невработеноста може да придонесат за една перманентна
кариера на сиромаштијата. Во тој контекст, авторот смета дека е неопходно проширување на образовната инфраструктура како на предучилишното, така и на училишното образовно подрачје, кое преку задачите на социјалната работа и социјална педагогија не треба да се
фокусира само на оние без, или со низок степен на образование, или
на припадниците на ниските социјални слоеви. Во тој контекст, социјалната педагогија и социјалната работа не треба да се разберат
само како надополнување на политичко-општествените текови, туку
тие треба да претставуваат нивен критички коректив.
Downloads
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.