ОБРАЗОВАНИЕТО НАСПРОТИ ПОЛИТИЧКАТА МАНИПУЛАЦИЈА

  • Нано Ружин Декан на Факултетот за политички науки ФОН Универзитет, Скопје

Апстракт

Трудот прави преглед на статусот и значењето на образованието
во различни општествени уредувања, преку историск осврт на состојбите од СФРЈ, до денешна Македонија. Притоа, авторот става посебен
акцент на политичките манипулации, истакнувајќи дека политичките
науки и анализи недоволно го истражуваат овој феномен. За разлика
од теоретските анализи, авторот истакнува дека практиката на политичката демагогија и лага е сé почеста, посочувајќи примери како од
меѓународната политика, така и од македонската политичка сцена. Во
тој контекст, авторот нагласува дека младите лице треба да изградат
критички дух кој ќе ги преиспитува политичките говори, демагогии, влијанија и манипулации. За таа цел, авторот ја истакнува важноста на
толеранцијата и дијалогот, како и образованието кое придонесува за
овие вештини, како клучни сегменти за перспективите на младите кои
живеат во мултиетнички општества.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2022-08-01