СОЦИЈАЛНАТА ДРЖАВА И ОБРАЗОВАНИЕТО: Обид за типологија на модели на образовна политика

  • Сузана Борнарова Институт за социјална работа и социјална политика Филозофски факултет
Клучни зборови: образовна политика, модели на социјална држава, либерални, социјалдемократски, конзервативни

Апстракт

Трудот обработува тема од областа на образовната политика за
чие промовирање и во рамките на наставните програми, но и во
рамките на општата социјална политика во земјата, професор Дивна
Лакинска имаше големо значење. Со своите теоретските анализи и
размислувања во доменот на образовната политика, како и со својата
богата научно-истражувачка дејност фокусирана на образовниот статус
на ранливите групи граѓани, како: децата, Ромите и старите лица, таа
даде исклучителен придонес за подигање на свеста меѓу креирачите
на политиката и практичарите за важноста на постигнувањето
рамноправен пристап до образовните можности за сите граѓани. Токму
афирмирањето на образовната, како составен и нераздвоен дел од
социјалната политика, и инвестирањето во образованието, како еден
од клучните услови за постигнување социјална добросостојба на
граѓаните за кои професор Дивна Лакинска професионално несебично
се залагаше, се предмет на овој труд.
Имено, образовната политика се развива како дел од социјалната
политика поттикната од значењето на образованието за економскиот
развој на земјите, нивната меѓународна компетитивност, како и за
оспособување на граѓанинот за негово учество на пазарот на трудот.
Овој развој на образовната политика, во одредени социјални држави
е повеќе или помалку само паралелен на развојот на социјалната
политика воопшто, додека во други е составен дел на тој развој. Како
резултат, социјалните држави се разликуваат од аспект на идеологијата
која ја промовираат во однос на образованието, важноста која се придава на поддршката на образовните можности, како и врската помеѓу
образованието и социјалната политика и програми. Во овој контекст
можат да се издиференцираат неколку модели на социјалните држави,
класифицирани според сличностите на образовната политика. Трудот
е обид да се утврдат специфичностите, сличностите и разликите меѓу
овие модели.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2022-08-01