ПАТЕКИТЕ И КРСТОСНИЦИТЕ НА СОЦИЈАЛНАТА ПЕДАГОГИЈА: ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ И СОВРЕМЕНИ ПРИСТАПИ
Апстракт
Во трудот се прави историски осврт на развојот на социјалната педагогија од нејзините почетоци, до денес. При анализата се идентификуваат неколку клучни етапи кои се однесуваат на доминантното
толкување и разбирање на социјалната педагогија во дадениот историски миг.
Се поаѓа од концептот на воспитување за заедницата, во рамките
на кој се елаборираат теориските пристапи на неколку германски
филозофи и педагози кои го обележале развојот на социјалната
педагогија во 19 век. Потоа, социјалната педагогија се разгледува
како теорија и пракса на вонсемејното и вонучилишното воспитување,
во светлината на односот со социјалната работа. Третиот, современ
пристап, се однесува на холистичкото толкување на социјалната
педагогија како единство на воспитувањето и заштитата, како и на
професионалниот идентитет на профилот социјален педагог.
Во завршниот дел од трудот се прави кус осврт на развојот на
социјалната педагогија во Македонија и на придонесот на проф.
Лакинска во нејзиното конституирање и развивање како академска
дисциплина и поле на научно истражување.
Downloads
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.