НОВИОТ СИСТЕМ НА БРУТО ПЛАТИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НЕГОВИТЕ МОЖНИ ИМПЛИКАЦИИ ВРЗ ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД
Апстракт
Во овој осврт се разгледани некои од можните импликации
од воведувањето на системот на бруто плати и интегрираната
основица за засметување на задолжителните социјални
придонеси во Република Македонија. Вниманието е особено
сконцентрирано врз намалените стапки на задолжителните
социјални придонеси кои, во рамки на постојните издвоени
средства од страна на работодавачите, резултираат со
заштедени средства. Заштедените средства се како резултат
на намалените трошоци на работна сила.
Наодите од овој осврт во однос на намалените трошоци
на работна сила, упатуваат на економската логика која,
првенствено, е базирана врз економската калкулација кај секој
работодавач одделно. Деловните проекции на секој одделен
работодавач ќе одлучат дали продуктивноста на вработените
остава простор за нивно стимулирање преку зголемување
на платите. Кај други работодавачи, калкулациите ќе бидат
тие што ќе упатат на аплицирање на опцијата за заштедени
средства, или опцијата на отворање нови работни места, или,
пак, некоја сосема друга опција.
Темата е актуелна како за стручните кругови, така и за
широката јавност, бидејќи третира едно од егзистенцијалните
прашања, како што се платите.
Downloads
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.