Половата поделба на трудот - фактор на женската дискриминација
Апстракт
Поделба на трудот според полот е клучната категорија во објаснувањето на положбата на жените во сите општествени релации.
Местото што поединците го имаат во дистрибуцијата на моќта е директна последица на местото што тие го заземаат во поделбата на
трудот. Затоа, вниманието во овој труд е насочено кон причините кои
доведуваат до половата сегрегација и воспоставувањето на машката
доминација. Преку анализа на биосоцијалните услови за поделбата
на трудот според полот и на вредносните ставови за местото на “машкото” и “женското” во културните и општествено-економските аспекти
на човековиот живот, целта е да се расветлат скриените механизми
на женската дискриминација.
Обидот за една ваква трансисториска генерализација на односите меѓу половите е во функција на расветлување на постојната полова хиерархија, која сé уште постои во нашата Република и покрај
постојните законски регулативи за рамноправност меѓу мажите и жените. Со цел да се објасни половата асиметрија, едно од прашањата
на кое му е посветено внимание во овој труд е колку образованието,
како еден од клучните сегменти во општествените процеси, придонесува во поттикнувањето еднаквост/нееднаквост меѓу половите и во
родовото сензибилизирање на младите кадри, како услов за јакнење
на родовата еднаквост. Во врска со поимот поделба на трудот, како клучна категорија,
овој труд содржи: кус историси осврт на биосоцијалните услови за поделбата на трудот според полот и улогите на половите; вредносните
ставови како фактор за половата поделба на трудот и за градењето
на стереотипите за женски и машки занимања; женскиот труд и општествениот статус; машката доминација и поделбата на трудот; образованието како фактор за јакнење на еднаквоста/нееднаквоста меѓу
половите.
Downloads
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.