Половата поделба на трудот - фактор на женската дискриминација

  • Сузана Симоновска Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје Филозофски факултет, Институт за родови студии

Abstract

Поделба на трудот според полот е клучната категорија во објаснувањето на положбата на жените во сите општествени релации.
Местото што поединците го имаат во дистрибуцијата на моќта е директна последица на местото што тие го заземаат во поделбата на
трудот. Затоа, вниманието во овој труд е насочено кон причините кои
доведуваат до половата сегрегација и воспоставувањето на машката
доминација. Преку анализа на биосоцијалните услови за поделбата
на трудот според полот и на вредносните ставови за местото на “машкото” и “женското” во културните и општествено-економските аспекти
на човековиот живот, целта е да се расветлат скриените механизми
на женската дискриминација.
Обидот за една ваква трансисториска генерализација на односите меѓу половите е во функција на расветлување на постојната полова хиерархија, која сé уште постои во нашата Република и покрај
постојните законски регулативи за рамноправност меѓу мажите и жените. Со цел да се објасни половата асиметрија, едно од прашањата
на кое му е посветено внимание во овој труд е колку образованието,
како еден од клучните сегменти во општествените процеси, придонесува во поттикнувањето еднаквост/нееднаквост меѓу половите и во
родовото сензибилизирање на младите кадри, како услов за јакнење
на родовата еднаквост.  Во врска со поимот поделба на трудот, како клучна категорија,
овој труд содржи: кус историси осврт на биосоцијалните услови за поделбата на трудот според полот и улогите на половите; вредносните
ставови како фактор за половата поделба на трудот и за градењето
на стереотипите за женски и машки занимања; женскиот труд и општествениот статус; машката доминација и поделбата на трудот; образованието како фактор за јакнење на еднаквоста/нееднаквоста меѓу
половите.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2009-06-01
How to Cite
Симоновска, С. (2009). Половата поделба на трудот - фактор на женската дискриминација. Ревија за социјална политика/Journal of Social Policy, 2(3), 219-230. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/socpol/article/view/2123