ГЛОБАЛНА РЕЦЕСИЈА ИЛИ НОВ ДРЖАВЕН ИНТЕРВЕНЦИОНИЗАМ - ЕФЕКТИ И МЕРКИ ВО СОЦИЈАЛНАТА СФЕРА
Апстракт
Глобалноста доведе до промени, до раст и развој кои продуцираа позитивни ефекти, кои се нерамномерно распоредени. На
пазарното работење иманентна е појавата на рецесии и кризи за
кои е потребен одговор во насока за обезбедување на тековите на
репродукцијата. Покрај економските, во анализа на кризата мора
да се согледаат и социјалните аспекти. Тие се неизбежни и ако не
се решаваат, се доведува во прашање опстанокот на системот.
Оттаму, може да се оцени дека е неопходен нов светски
финансиски поредок, со цел да бидат спречени финансиските и
реалните кризи во иднина, но и решенија во социјалната сфера
што ќе влијаат во насока на социјален развој. Тоа значи дека
мерките што сега се преземаат не се еднократни и само санациони,
туку се фундаментални и насочени кон оформување нов систем
што треба да обезбеди стабилност и ефикаснот на долг рок, но
и социјална праведност.
Глобалниот капитализам, глобалната економија, глобалните
финансиски и реални пазари неопходно бараат и нови глобални
правила, но и глобални институции кои ќе ги регулираат
глобалните пазари и процеси и социјаните аспекти на живеењето.
Ориентацијата е насочена кон зајакнување на регулаторните
механизми на самите држави, односно воведување нови принципи
на интервенција на државата во услови на пазарно работење, со
што се овозможува опстојувањето на самиот општествен систем,
како и меѓународни регулатори на кои државите ќе им пренесат
дел од ингеренциите за воспоставување стабилност во пошироки
рамки.
Downloads
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.