ГЛОБАЛНА РЕЦЕСИЈА ИЛИ НОВ ДРЖАВЕН ИНТЕРВЕНЦИОНИЗАМ - ЕФЕКТИ И МЕРКИ ВО СОЦИЈАЛНАТА СФЕРА

  • Јован Пејковски Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Филозофски факултет Институт за социјална работа и социјална политика

Abstract

Глобалноста доведе до промени, до раст и развој кои про­дуци­раа позитивни ефекти, кои се нерамномерно распоредени. На
па­зарното работење иманентна е појавата на рецесии и кризи за
кои е потребен одговор во насока за обезбедување на тековите на
репродукцијата. Покрај економските, во анализа на кризата мо­ра
да се согледаат и социјалните аспекти. Тие се неизбежни и ако не
се решаваат, се доведува во прашање опстанокот на сис­темот.
Оттаму, може да се оцени дека е неопходен нов светски
финансиски поредок, со цел да бидат спречени финансиските и
реалните кризи во иднина, но и решенија во социјалната сфера
што ќе влијаат во насока на социјален развој. Тоа значи дека
мерките што сега се преземаат не се еднократни и само санациони,
туку се фундаментални и насочени кон оформување нов систем
што треба да обезбеди стабилност и ефикаснот на долг рок, но
и социјална праведност.
Глобалниот капитализам, глобалната економија, глобалните
финансиски и реални пазари неопходно бараат и нови глобални
правила, но и глобални институции кои ќе ги регулираат
глобалните пазари и процеси и социјаните аспекти на живеењето.
Ориентацијата е насочена кон зајакнување на регулаторните
механизми на самите држави, односно воведување нови принципи
на интервенција на државата во услови на пазарно работење, со
што се овозможува опстојувањето на самиот општествен систем,
како и меѓународни регулатори на кои државите ќе им пренесат
дел од ингеренциите за воспоставување стабилност во пошироки
рамки.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2008-12-01
How to Cite
Пејковски, Ј. (2008). ГЛОБАЛНА РЕЦЕСИЈА ИЛИ НОВ ДРЖАВЕН ИНТЕРВЕНЦИОНИЗАМ - ЕФЕКТИ И МЕРКИ ВО СОЦИЈАЛНАТА СФЕРА. Ревија за социјална политика/Journal of Social Policy, 1(2), 147-164. Retrieved from https://journals.ukim.mk/index.php/socpol/article/view/2115