СОЦИЈАЛНА ИСКЛУЧЕНОСТ НА СТАРИТЕ ЛИЦА ОД СИСТЕМОТ НА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ВО РEПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  • Сузана Борнарова Институт за социјална работа и социјална политика Филозофски факултет Универзитет “Св. Кирил и Методиј”
Клучни зборови: стари лица, социјална заштита, социјални услуги, права од социјална заштита, социјална исклученост

Апстракт

Глобалното стареење на населението го актуелизира проблемот на
социјална исклученост на старите лица од сите сфери на општественото
живеење, вклучително и од системот на социјална заштита. Во Република
Македонија, која исто така се соочува со процесот на демографско стареење
на населението, закодавните одредби не ги исклучуваат старите лица од
пристапот до овие права по било која основа: националност, пол, возраст,
припадност на рурална или урбана средина. Сепак, во практиката се
забележуваат одредени ситуации на ограничен, или отежнат пристап до
правата од социјална заштита. Меѓу доминантите пречки се: сложените
административни процедури и нерешените семејни односи (односи родителидеца) кои се често услов за остварување на определено право. Недостигот и
недоволната развиеност на, со Закон предвидените форми на социјална
заштита (како домашната нега и помош, дневното згрижување, хранителската
заштита), условува старите лица да имаат често само нормативен, но не и
реален пристап и можност за користење на овие услуги.
Ваквата состојба ја наметнува потребата од надминување и укинување
на наведените бариери во практичната имплементација на законските
одредби; развивање нови форми на заштита (пред сî вонинституционални);
како и развој и диверзификација на пензиските системи во насока на
воведување јавни и приватни пензиски шеми за покривање на трошоците за
различни видови социјални услуги во староста.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2008-06-02