Нов менаџмент на социјалните услуги-меѓународни перспективи

  • Сузана Борнарова Институт за социјална работа и социјална политика, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37509/socpol19150011b
Клучни зборови: социјални услуги, менаџмент, маркетизација, децентрализација, интеграција, деинституционализација

Апстракт

Системите на социјални услуги бележат значителен развој во изминатите неколку децении на меѓународ- но ниво. Овој развој е поттикнат од демографските промени поврзани со стареењето на населението, намалувањето на стапките на фертилитет, како и промените во семејната структура и слабеењето на капацитетите на семејството за неформална грижа. Ваквите околности придонесоа кон зголемување на потребата на населе- нието за различни социјални услуги, што бараше соодветен одговор од социјалните држави за да се одговори на овие потреби. Овој труд има за цел да даде краток преглед на овој од- говор. Имено, тој ќе се фокусира на основните трендови на меѓународно и европско ниво кои ги применува- ат социјалните држави во однос на менаџирањето на системите на социјални услуги, и тоа: резидуализација, маркетизација, децентрализација, интегрирана достава на услуги и деинституционализација.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2019-12-02