МОДЕЛИ НА СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА И МАКРОПРАКТИКА НА СОЦИЈАЛНА РАБОТА СО ИМИГРАНТСКО НАСЕЛЕНИЕ: ОДГОВОР НА ПРЕДРАСУДИ, РАСИЗАМ И ДИСКРИМИНАЦИЈА
ДОИ:
https://doi.org/10.37509/socpol1612117bКлучни зборови:
имигранти, предрасуди, расизам, дискриминација, модели на социјална политика, макропрактика на социјална работаАпстракт
Популацијата на имигранти и бегалци се зголемува со голема брзина насекаде низ светот. Оваа ранлива група од населението често се соочува со предрасуди, расизам и дискриминација и тоа се одразува врз меѓуетничките односи во земјите на дестинација. Како овие проблемиќе бидат надминувани во општеството зависи од идеологијата на која е заснована социјалната политика, како и од општо прифатените концепци за човечкиот диверзитет. Можните одговори на социјалната политика на нерамноправноста и дискриминацијата врз основа на овие критериуми се опишани во второто поглавје од трудот. Од друга страна, социјалната работа е професија која ја опслужува оваа ранлива група кога ќе се соочи со неа. Иако социјалната работа историски е инволвирана да дава помош на имигрантското население, професионалниот одговор често е лимитиран на микропрактиката на социјална работа и директното давање услуги на индивидуи и семејства. Оттука,посебен акцент во трудот ќе биде ставен на нагласување на важноста на методите на макрос оцијална работа кои се користат за унапредување на интеретничките односи,за надминување на предрасудите и дискриминацијата и почитување на човековите права. Застапувањето, лобирањето, развојот на локалната заедница и едукацијата во локалната заедница ќе бидат подетално разработени за да се нагласи нивната важност за значењето на социјалната работа не само на микро и мезо,туку, исто така, и на макро општествено ниво.
Превземања
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.