ОДРАЗОТ НА ТРАУМАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО РОМАНИТЕ НА ЃОРЃИ АБАЏИЕВ И НА ТАШКО ГЕОРГИЕВСКИ
Сажетак
Светската историја е испишана со војни и револуции, кои историјата и политиката ги согледуваат преку фактите. Со трауматските последици кај луѓето се занимава психијатријата, кои често место наоѓаат и во литературата. Бројни дела се напишани од директни учесници, сведоци, потомци на тие настани. Македонската историја изобилува со историски настани, кои оставиле вкоренети трауми кај македонскиот народ. Во текот на 19 век, кога биле формирани државите и нациите, биле кренати бројни буни и востанија преку кои македонскиот народ се борел за ослободување од петвековното ропство и за правото на своето самоопределување. Но, Големите сили имале територијален интерес за Македонија, поради што тие не воделе сметка за демократското право на македонскиот народ, а апелите за помош ги заглушувале. Поради тоа во 1903 година во Солун, млади револуционери – гемиџии, солунските атентатори извршиле акција преку која сакале да го свртат вниманието кон македонското прашање. За психолошките последици кај еден од преживеаните од овој историски чин пишува Ѓорѓи Абаџиев во романот Пустина. Судбината на македонскиот народ била решена на неденократски начин во 1913 година, со Букурешкиот договор, со кој била извршена поделба на територијата на Македонија, а со тоа и на македонскиот народ, кој бил разнебитен. За овој политичко-историски настан, кој оставил траума кај македонскиот народ, како на индивидуален, така и на колективен план, и која се рефлектира до ден денешен, пишува Ташко Георгиевски во своите девет романи, насловени под едно име Црно семе.
Downloads
Сва права задржана (c) 2024 Valentina Mironska-Hristovska
Овај рад је под Creative Commons Aуторство-Nекомерцијално-Без прераде 4.0 Интернационална лиценца.
Philological studies © 2019. This work is licensed under a Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License