ОДРАЗОТ НА ТРАУМАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО РОМАНИТЕ НА ЃОРЃИ АБАЏИЕВ И НА ТАШКО ГЕОРГИЕВСКИ

  • Валентина Миронска-Христовска

Апстракт

Светската историја е испишана со војни и револуции, кои

историјата и политиката ги согледуваат преку фактите. Со траумат-

ските последици кај луѓето се занимава психијатријата, кои често место

наоѓаат и во литературата. Бројни дела се напишани од директни учес-

ници, сведоци, потомци на тие настани. Македонската историја изоби-

лува со историски настани, кои оставиле вкоренети трауми кај македон-

скиот народ. Во текот на 19 век, кога биле формирани државите и наци-

ите, биле кренати бројни буни и востанија преку кои македонскиот народ

се борел за ослободување од петвековното ропство и за правото на своето

самоопределување. Но, Големите сили имале територијален интерес за

Македонија, поради што тие не воделе сметка за демократското право

на македонскиот народ, а апелите за помош ги заглушувале. Поради тоа

во 1903 година во Солун, млади револуционери – гемиџии, солунските

атентатори извршиле акција преку која сакале да го свртат вниманието

кон македонското прашање. За психолошките последици кај еден од

преживеаните од овој историски чин пишува Ѓорѓи Абаџиев во рома-

нот Пустина. Судбината на македонскиот народ била решена на неде-

нократски начин во 1913 година, со Букурешкиот договор, со кој била

извршена поделба на територијата на Македонија, а со тоа и на македон-

скиот народ, кој бил разнебитен. За овој политичко-историски настан, кој

оставил траума кај македонскиот народ, како на индивидуален, така и на

колективен план, и која се рефлектира до ден денешен, пишува Ташко

Георгиевски во своите девет романи, насловени под едно име Црно семе.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2024-10-30
Рубрика
Зборот во историско-културолошкиот контекст