ГРАМАТИЧКА СТРУКТУРА НА РЕЧЕНИЦАТА ВО МАКЕДОНСКИОТ И ВО ТУРСКИОТ ЈАЗИК

  • Marija Leontić Универзитет „Гоце Делчев“,Филолошки факултет, Штип, Македонија

Povzetek

Македонскиот и турскиот јазик имаат специфични карактеристики на граматичките структури на реченицата. Во македонскиот и во турскиот јазик конститутивен член на реченицата е прирокот, но неговото место е различно. Местоположбата на прирокот во македонскиот јазик e релативно слободна, а во турскиот јазик иако има извесна слобода најчесто се стреми кон крајот на реченицата. Во најголем број случаи со прирокот се јавува подметот, кој ја диктира формата на прирокот. Подметот и во обата јазика обично се јавува на почетокот на реченицата. Како неопходен реченички член во реченицата се јавува предметот кој во македонскиот јазик е релативно слободен во однос на збороредот, а во турскиот јазик обично се наоѓа на средината на реченицата. Пр. мак. Јасмина наслика слика. / Јасмина слика наслика. (подмет: Јасмина; прирок: наслика; предмет: слика) / тур.Yasemin resim çizdi. (подмет: Yasemin; предмет: resim; прирок: çizdi). Неопходен реченичен член е и прилошката определба која во турскиот јазик секогаш се наоѓа пред прирокот, а во македонскиот зависно од видот може да се наоѓа и пред и по прирокот.

Prenosi

Podatki o prenosih še niso na voljo.

Literatura

Ergin, Muharrem. 1998. Türk Dil Bilgisi. Bayrak: İstanbul.
Karaağaç, Günay. 2009. Türkçenin Söz Dizimi. Kesit Yayınları: İstanbul.
Karahan, Leyla. 1998. Türkçede Söz Dizimi. Akçağ: Ankara.
Кепески, Круме. 1985. Граматика на македонскиот литературен јазик.
Просветно дело: Скопје.
Özkan, Mustafa. Sevinçli Veysi. 2012. Türkiye Türkçesi Söz Dizimi (Kelime
Çözümlemeli). Akademik Kitaplar: İstanbul.
Панзова, Виолета. 1996. Универзалната граматика и македонскиот јазик.
Епоха: Скопје.
Саздов, Симон. 2008. Современ македонски јазик 3. Табернакул: Скопје.
Tomić, Mišeska Olga. 1995. Jezik i jezici – uvod u studije jezika. Futura publikacije:
Novi Sad.
Ѓуркова, Минова Лилјана. 2000. Синтакса на македонскиот стандарден јазик.
Магор: Скопје.
Yelten, Muhammet. Açıkgöz, Halil. 2008. Kelime Grupları. Doğu Kütüphanesi:
İstanbul.
Objavljeno
2019-10-25
Kako citirati
Leontić, M. (2019). ГРАМАТИЧКА СТРУКТУРА НА РЕЧЕНИЦАТА ВО МАКЕДОНСКИОТ И ВО ТУРСКИОТ ЈАЗИК. Filološke Pripombe, 11(2), 90-104. Pridobljeno od https://journals.ukim.mk/index.php/philologicalstudies/article/view/517
Rubrike
Jezikoslovje. Didaktika poučevanja jezikov