Со задоволство ви ги претставуваме двата нови броја на меѓународното славистичко онлајн списание „Филолошки студии“. Првиот број од изданието за 2024 година се фокусира на: секојдневното и невообичаеното во наративите, религиозниот јазик, еколошките теми во детските сликовници, компаративната фразеологија и застапеноста на воените теми во југословенското панк-движење и новиот бран. Лингвистичкото истражување се фокусира на конструкциите на словенските јазици.
Основната тема на вториот број е траумата во литературата и ја испитува: повторната трауматизација преку меморијата, колек¬тивните трауми како што се природните катастрофи, војните и третманот на загубата во современите песни и романи. Во овогодишното издание се објавени вкупно 16 статии. Оваа година изданието го уредува Институтот за литература и уметност од Белград (Србија) во соработка со своите партнери: Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Македонија); Филозофскиот факултет при Универзитетот во Загреб (Хрватска) и Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана (Словенија). Во оваа пригода сакаме да им се заблагодариме на сите што учествуваа во креирањето на овогодишните „Филолошки студии“, особено на авторите, кои, со својот придонес, уште еднаш ја потврдија важноста на регионалните и на меѓународните врски во областа на хуманистичките науки.

Објавено: 2024-11-20

Филозофско-културолошки проблеми

Зборот во историско-културолошкиот контекст

Современото oпштество во културата, јазикот и литературата