Со задоволство ги претставуваме двата нови броја на меѓународното славистичко мрежено онлајн списание „Philological studies“. Првиот број од изданието од 2023 година е посветен на сумирање на досегашната меѓународна соработка со релевантни научни и образовни установи, преку публикување на детална библиографија на сето она што е досега објавено на стра- ниците на „Philological studies“ изработена од Тамара Ќупева. Вториот број содржи прилози за словенските литератури, јазици, култури и културни истории. Во овогодишното издание се објавени дваесет и пет прилози.

 

Оваа година изданието го уредуваше Институтот за македонска литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Македонија) во соработка со партнерите: Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб (Хрватска); Институтот за литература и уметност од Белград (Србија) и Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана (Словенија). Во оваа пригода сакаме да им се заблагодариме на сите што учествуваа во создавањето на овогодишните „Филолошки студии“, особено на авторите, кои, со својот придонес, уште еднаш ја потврдија важноста на регионалното и на меѓународното поврзување во областа на хуманистичките науки.

Објавено: 2023-12-21

Современото oпштество во културата, јазикот и литературата

Проучување на говорот. Лингводидактика