ГОВОРОТ ВО СЕЛОТО СИРИЧИНО‒ТЕТОВСКО
Апстракт
Дијалектологијата е гранка на лингвистиката која се занимава со проучување на дијалектите на одделни јазици. Задачата на дијалектологијата е да ги открива и да ги проучува законитостите на настанокот на дијалектите и да го следи нивниот развој. Предмет на анализа на оваа статија е говорот во село Сиричино – Тетовско, во кој е претставена една целосна слика за овој говор на фонолошко, морфолошко, синтаксичко, лексичко, на ономастичко рамниште. Инаку говорот на ова село претставува типичен северозападен говор, но со дел од особеностите се разликува од градскиот тетовски говор, а уште повеќе од вратничките говори, така што опишувањето на овој говор ни дава покомплетна слика за распространетоста на јазичните особености на територијата на Долни Полог, однoсно за правецот на изоглосите на одделни дијалектни црти.
Downloads
Референци
Скопје.
Видоески Божидар 1978: „Вокалните системи на македонскиот литературен и
дијалектен јазик“, Прилози, III, 1, МАНУ: Скопје, 79-98.
Видоески Божидар 1998: Дијалектите на македонскиот јазик, том1, МАНУ:
Скопје.
Видоески Божидар 1999а: Дијалектите на македонскиот јазик, том2, МАНУ:
Скопје.
Видоески Божидар 1999б: Дијалектите на македонскиот јазик, том3, МАНУ:
Скопје.
Дрвошанов Васил 1993: Кајларскиот говор, ИМЈ „Крсте Мисирков“: Скопје.
Иванова Олга 1999: Студии од топонимијата и антропонимијата ИМЈ
„Крсте Мисирков“: Скопје.
Јашар-Настева Оливера 2001: Турските лексички елементи во македонскиот
јазик ИМЈ „Крсте Мисирков“: Скопје.
Конески Блаже 1954: Граматиката на македонскиот литературен јазик, дел
ΙΙ „Просветно дело“: Скопје.
Конески Блаже 1982: Историја на македонскиот јазик, Култура: Скопје.
Лаброска Веселинка, Кичевскиот говор 2008, ИМЈ „Крсте Мисирков“: Скопје.
Лаброска Веселинка и др., Вратничко-полошки говори & духовна ризница 2012:
ИМЈ „Крсте Мисирков“: Скопје.
Поповски Аритон 1970: Македонскиот говор во гостиварскиот крај,
Собрание на општина Гостивар: Гостивар.
Селишев А.М. 1981: Полог и ево болгарское население, София.
Соколовски M., Стојановски А. 1971: Турски документи за историјата на
македонскиот народ, пописен дефтер N 4 (1467–1468 година). Скопје.
Соколовски М. 1976: Турски документи за историјата на македонскиот
народ, опширни пописни дефтери од 15 век, том III, Скопје.
Стаматоски Трајко 1956: Градскиот тетовски говор, МЈ, VΙΙ: Скопје.
Стаматоски Трајко 1957: Градскиот тетовски говор, МЈ VΙΙ: Скопје, 91-115.
Стаматоски Трајко 1959: Од лексиката на Тетовскиот говор, МЈ, Х, кн. 1-2,
Скопје.
Станковска Љубица 1995: Македонска ојконимија, книга прва, Матаморфоза:
Скопје.
Станковска Љубица 2001: Топонимите со суфиксот –ица во Македонија,
Скопје.
Стоевска-Денчова Еленка 2004: Кривопаланечкиот говор, ИМЈ „Крсте
Мисирков“: Скопје.
Цветановски Гоце 2004а: Каршијачкиот говор – Скопско (со посебен осврт на
синтаксата), ИМЈ, „Крсте Мисирков“: Скопје.
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.