ИЗВИЦИТЕ ВО ЌОПИЌЕВИТЕ ПРИКАЗНИ ЗА ДЕЦА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

  • Lidija Tanturovska Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Македонија
Клучни зборови: македонски јазик, извици, Ќопиќеви приказни за деца

Апстракт

Се определивме за темата извиците во Ќопиќевите приказни за деца на македонски јазик од неколку причини: 1. Бранко Ќопиќ е еден од најпознатите писатели за деца во поранешна Југославија; 2. Од совиолингвистички аспект, факт е дека неговите дела биле преведувани на многу јазици (на: руски, украински, полски, чешки, бугарски, унгарски и германски јазик), за разлика од што биле реткост оние што биле преведувани на македонски; 3. Извиците, како посебна зборовна група, се предмет на дискусија и во современите истражувања, како поради нивната класификација, така и поради нивната функционалносемантичка реализација; 4. Преку анализата на извиците од преведените приказни во петтата деценија од 20-тиот век може да се види синхрониската рамка на македонскиот јазик во тој период; и 5. Стилистички гледано, Бранко Ќопиќ е автор што ги употребува извиците во голема мера1 , не само во својата творечка дејност, туку и во својот индивидуален јазичен израз. Се анализирани 22 приказни на македонски јаик, каде што ексцерпираните извици се подредени по азбучен ред, општо поделени во три групи: извици што изразуваат чувства, извици што привлекуваат внимание и со кој се воспоставува контакт и извици што имитираат звуци. Од резултатите на извршената научноистражувачка работа се гледа оправданоста на изборот на темата.

Downloads

Download data is not yet available.

Референци

Ђопиђ. Бранко. 1963. Орлови рано лете. Просвета. Београд.
Конески. Блаже. 1982a. Граматика на македонскиот литературен јазик.
Скопје.
Конески. Блаже. 1986a. Македонскиот јазик во развојот на словенските
литературни јазици. Скопје.
Минова-Ѓуркова. Лилјана. 2003. Синтакса на македонскиот стандарден
јазик. Скопје.
Минова-Ѓуркова. Лилјана. 2003. Стилистика на современиот македонски
јазик. Скопје.
Минова-Ѓуркова. Лилјана. 2003. Граматика на македонски стандарден јазик
за странци. Скопје.
Ђопиђ. Бранко. 1963. Орлови рано лете. Просвета. Београд.
Конески. Блаже. 1982a. Граматика на македонскиот литературен јазик.
Скопје.
Конески. Блаже. 1986a. Македонскиот јазик во развојот на словенските
литературни јазици. Скопје.
Минова-Ѓуркова. Лилјана. 2003. Синтакса на македонскиот стандарден
јазик. Скопје.
Минова-Ѓуркова. Лилјана. 2003. Стилистика на современиот македонски
јазик. Скопје.
Минова-Ѓуркова. Лилјана. 2003. Граматика на македонски стандарден јазик
за странци. Скопје.
Објавено
2019-10-23
Рубрика
Современото oпштество во културата, јазикот и литературата